|
|
Смело и гордо по стапките на Гоце,Јане, Даме |
За хероината Гордана Димовска од Гордана Такец Мелодичноста во прозата и стихот на Гордана Димовска, љубовта кон родниот корен, ја издигнуваат на пиедесталот на кој рамо до рамо може да застани со творештвото на авторот на првата македонска опера „ Цар Самоил“.Композиторот Кирил Македонски.... 2015г. го напишав романот „Нашите испуштенинешта“ посветен на мојот татко Димитар Димитровски Такец, кој почина во мај истата година. Македонски новинар, писател, публицист, сликар и композитор. Доајен на Битолското и Македонското новинарство. Најголем дел од кариерата го мина во Нова Македонија, битолски весник и Радио Битола. Во својата долгогодишна творечка кариера на повеќе полиња, даде своевиден придонес во културното,ликовното, поетско и музичко живеење во Битола. Неговите истражувачки материјали за браќата Манаки, за Мустафа Кемал Атартурк, за Вагнер, Димитрие Лала и други значајни човечки фигури од неговото време, денес претставуваат вредно културно наслетство. Во негова чест (1922-2015) после неговото заминување ја основав фондацијата Такец. И не случајно во овај роман посветен на дамата Гордана Димовска се навраќам на времето кога продолжив таму каде што Такецот застана. Со сите активности кои беа дел, неизбежен дел од неговото битисување. После романот посветен на него, следешеантологијата Битола, момо нагиздена. Како логично и природно продолжување на она што за него значеше живот и опстој. Љубовта кон македонското, кон Битола, љубовта кон ова убаво парче земја наречено Македонија, ја понесов со себе. Како аманет од татко ми. Таа несебична љубов, копнеж кон родот свој, болка и тага за родната грутка, таа голема и силно изразена МАКЕДОНШТИНА ја открив, забележав и силно јазасакав кај Гордана Димовска. Тоа беше и појдовниот момент како иницијална каписла за раѓањето на овај роман. МАКЕДОНШТИНАТА Силно присутна кај Гордана Димовска. ПЕЛИСТЕР Треперат и шумолат лисјата Во боровата шума, Поздравуваат патници Домашни и странци. До бескрај одѕвонува нивниот звук Опојна убавина, бескраен мир. Цветови разнобојни опиваат со мирисот свој. Чекориш со радост по ридот тој, Пелистер те мами и го прати чекорот твој. Те следи и гушка во пазуви од свила Природна убавина мила. Под сенките на молика Да одмориш душа Песните од птиците кој ли не сака да ги слуша? Како најубава мома во зелена руба Го красиш градот роден Чуваш тајни и легенди стари. Восхитуваш и плениш со езеро Големо и Мало. Две бисерни очи на твојата руба, Ко најубав лек за сите рани. ЖЕНА И реките течат како што времето одминува тивко, И ги забележува сите тајни на човековото срце. И планините се разеленуваат и мамат со својата убавина. И сонцето ги простира своите топли зраци. А, ти жено Божица на убавината Со насмевка на Мона Лиза, Пленуваш со својата убавина каде и да се појавиш. Твојата насмевка некој треба да знае да ја види. Затоа што колку брзо се појавува, Толку брзо можи и да исчезне затоа што се грижи, Се грижи за некој свој, за брат, татко, мајка или сестра. Ти си жена со челично срце. И толку силна да ги поместиш планините во сечие срце. Лицето ти е одраз на мудрост Зрачи како сонце и кога најтешко ти е. Зборовите твои лечат туѓи рани. Со твоите раце прегрнуваш и грееш сечија душа. И кога си повредена и тажна. И тогаш си најсилна жена. Твојата голема љубов, верба и грижа Се инспирација за живот. Твоето место и улога е голема во светот Ти Божице на убавината! ОГНОВИ Огнови разгорени, силни, Расфрлаат искри со возбуда, радост Убави желби и надеж за подобро утре. И денес спомни си за големата добрина и ука На големиот Отец на црквата Христова, Да не заталкаш во погрешни правци Да не се изгубиш во немирни реки Да не ти остане душата ко пустина празна И жедна за духовна храна. Неговата рака ги хранеше сиромашните и гладни Ги поеше жедните за вода но и за ука. Се исправи силно против раздорот и ересот За да царува љубов и правдина во светот. И во негова чест паричка за среќа ставаме во лебче Традицијата да продолжи на секое парче македонска земја. На секој континент каде Македонец гнездо свил Да биде светло катче полно со дарежливост и љубов Како што и тој бил, Големиот Отец, Свети Василиј Велики. И еве, светлината од пламенот на василичарскиот оган Се распослала над секој дом и стреа. Во родното огниште но и преку океани , мориња, ширини. И секој миг исфрла се повеќе искри Испраќа пораки врели, за Василица и годината што иде. Ги гали вжарените образи и милно шепоти во тивката ноќ Само да знаеш да се прикрадеш и чуеш нејзините најни, Ќе те свие во својата топла прегратка и исполни со моќ. МОЈОТ ТАТКО Можеби не знаев што мислиш. Можеби не разбирав што сака да каже, Твоето сериозно и мудро лице. И во тишината, Ти повеќе зборуваше од сите. И во тишината го слушав твојот прекор За грешките кои ги правевме како деца. Не беше лесно да се разбере твојата лутина Кога нешто небеше во ред. Неможев, несакав или незнаев Да го разберам твоето НЕ. Твојот молк, твојата тишина. Може ли поголема среќа од тоа Да се биде твое чедо Твоја ќерка? Сега разбирам се.... ПРАЗНИЧНА Во отсјајот на сончевиот зрак Празничен ден се роди пак. Неуморен патник чекори смело Допатувал во земја непозната за него Поздравува минувачи со насмевка скришна, Заита кон ридот и гората вишна. Патува низ градови и села Се восхити на Македонија цела. Ко бескраен ѓердан спомени се редат, Уморен седи крај огниште старо Искри од надежи и мечти, Пламен на копнежи врели во ликот на икона света. Ех, каква му била судбата клета! Реката надвор немирна жубори и тече. Тоа е твојата судба патниче, Тоа е судбата која секогаш назад ќе те влече. А далеку таму, во едно срце мало Извира и блика љубов голема, бескрајно чиста Допира со нежност и благослов Божји, брише солзи , исполнува желби. Празнична песна далеку се слуша Пораки и желби за секоја душа. Добрина , искреност и чесност Да царува радост и вечна среќа во светот. Христијани браќа, Македонци во цел свет Бидете радосни и среќни во овој миг Среќна Ви Нова година и Божиќ. Автор: Гордана Димовска Која е всушност Гордана Димовска?? Која беше во своите најрани години? Уште пред да започне со школување изразуваше љубов кон пишаниот збор и македонскиот јазик. На мајка и и вети дека уште од првиот училишен ден вредно ќе се посвети на учењето. Па така и го одржа ветувањето. Беше заприметен нејзиниот дар да рецитира и раскажува за народните македонски херои. Учителките со восхит ги слушаа нејзините рецитации а во тоа уживаше и публиката на денот на приредбите. На 12 години пишуваше најдобри состави на разни теми а составот за есента кој и дојде многу спонтано, беше по неколку пати читан на час по Македонски јазик. Во 8 одделение беше избрана да го претставува училиштето Крсте Петков Мисирков од С. Бистрица, на натпревар меѓу сите основни училишта во Битола. Учествуваше на литературниот конкурс за есеи на тема Нашиот патрон Крсте Петков Мисирков на кој освои второ место за есејот за Крсте Петков Мисирков и беше поканета да го чита на свеченоста во училиштето а и на радио Битола. Завршува средно еконимоско училиште во Битола во 1989 година, со одличен успех. Во 1994 година се преселува во Мелбурн, Австралија каде и до ден денес живее со своето семејство. Интензивно започна да учи во универзитетите во Мелбурн со цел што подобро да се вклопи во новото општество. Успешно заврши за административно работење во Викторискиот институт на Викторија и за време на нејзината пракса во Миграциониот центар (Migrant Resource Centre), се запозна со вработените од Македонската добротворна организација кои и понудија да биде дел од нивната организација. Тоа беше одлично искуство затоа што Македонците во западниот дел на Мелнурн навистина имаа потреба од пополнување на документи, аплицирање за визи и многу други прашања поврзани со австралискиот систем. Две години работеше волонтерски како учителка во саботното училиште во Футскрај каде имаше голем број ученици со интерес да го изучуваат македонскиот јазик во училиштето Гоце Делчев при цркавата Св. Илија Футскрај. Продолжува со учење во Монаш универзитетот каде се нудеа курсеви за учители во етничките училишта. Љубовта кон јазикот не згаснува, па се запишува и на Меквори универзитетот во Сиднеј – по пат на кореспонденција завршува Диплома за јазици на катедрата на Илија Чашуле. Во 1999 година добива работа Victorian School of Languages како наставник по македонски јазик во саботното училиште во Altona North. А од 2000 година се префрлува во KeilorDowns Secondary College каде работи и ден денес.Волјата да им се помогне и на други новодојдени во Викторија, ја натера да волонтира во Adult Migrant Education Centre како помошник на учителите во тој центар. Добива признание за 5 годишната волонтерска работа. По 25 години повторно се вработува во Македонскатадобротворна организација каде и што почна во периот од 1996 -1998. Позицијата како координатор во одделот за нега на стари лица со адоволство ја работи и ја исполнува чувството дека им помага да добијат услуги најранливите во општеството. Гордана е активист во Македонската заедница во Викторија повеќе од 22 години. Членуваше во повеќе македонски организации а денес е претседател на МЛД Кочо Рацин – Мелбурн каде веќе десетина години успешно организира саеми на книги, литературни читања,промоции на книги со цел да се промовира македонскиот јазик и литература во Австралија. Долгогодишен член е и на Македонската учителска асоцијација – Викторија. |