|
|
Во творештвото на Гордана Димовска присутна е една компонента која го отсликува и нејзиниот силен карактер , ХУМАНОСТА |
Амбиентот во прозата на Димовска се препознава како дел од нашето секојдневие, живеењето на генерациите пред нас, сето тоа следено со окото , срцето и мислата на писателката. Таа секогаш успева да ги долови димензиите на животот пред и сега, напластените размисли на човекот, силно вперени во иднината и сето тоа мошне успешно, едноставно, блиско и топло, уверливо и раскажувачки непретенциозно, смело да го доближи до читателот , без имровизации и секогаш верна и посветена на својот животен став. Сликајќи го светот со сите парадокси на животот, со безброј податоци од реалноста што авторката го прави забележливо, внимателно и стилски точно, создава проза која инфективно се пренесува од еден на друг затоа што нејзиниот свет е реален. Стварен. Вистински. Само уметникот може да го напои човештвото со надеж, да го помири непомирливото, во борбата помеѓу животот и смртта, да одбери живот! Никој друг. Само уметник како Гордана Димовска може да се издигне над се за да забележи дека денес насекаде е сонце.... и убавина. Убавина за која копнее, за која пишува, на која и се надева, за МАКЕДОНИЈА. Посебната убавина на нејзиното создавање и креација е во верувањето. Во искрениот резон дека постои сила која умее сите нешта да ги постави на свое место, дека се е живо, се зборува, се постои со некаков мотив а не случајно. Дека и животот би бил поубав, почовечен, посмислен, доколку не се заборават некои искуства, случувања од минатото, длабоко скриени во сопственото срце , во колективната меморија на народот страдалник. Основата врз која ја гради својата поезија, проза и уметничка креација е чистата, искрена љубов кон коренот македонски, јазикот македонски, Македонскиот БИТ и надеж дека животот постои за да се доживеат и убави нешта, мечтаењето како детски сон дека ќе БИДЕ, еден ден ќе биде тој убав ден во кој ЌЕ БЛЕСНЕ СОНЦЕТО НАД МАКЕДОНИЈА. И тоа е таа утеха и сила која не води напред. Како зарадишот во зрното. Без зарадиш зрното не може да никне. И што би било во светот и со нас ако не постои верувањето, таа наша утеха и одново пронајдена сила преживеана низ годините наназад следени од вечната верба дека небото ќе го пресечат молњите, ќе светнат и ќе угаснат. А небото е вечно. И вечно ќе остане убавото сино небо над Македонија. Со едноставни реченици, блиски и топли, прифатливи, разбирливи кои како мелем се лепат за срцето на читателот, писателката и патриотот во ликот на Гордана Димовска ја допираат најсуштинската, најчувствителната филозофија од човечкото постоење ВИСТИНАТА. ЕДИНСТВЕНО ВИСТИНАТА постои и ќе постои, се додека се раѓаат и умираат луѓето.дека сеќавањето и споменот за она што било, за сите дадени животи за мајката земја е велинчествено помнење за тие што некогаш биле живи а сега љубовта за нив е најсилна, а споменот вечен. Гордана Димовска, поетеса, писател, автор вљубен во уметноста, музиката, сцената, рециталот, театарската претстава,,,,, со исклучително чувство на праведност кон сите, и за сите, низ навидум едноставни авторски думи, низ своето раскажување и песни, ни ја претставува всушност единствената животна вистина од која нема бекство. Вистината дека што и да не очекува во светот, во животот, ПРАВДИНАТА ќе надвладее секогаш, се додека постои светот и векот. Тоа е таа нишка во нејзината душа присутна и во нејзините авторски трудови што го велича нејзиниот лик како човек и нејзиното творештво. Борец кој не се помирува со она што околу нас се случва. Потресена е нејзината искреност со која неустрашливо ја открива својата ЉУБОВ ЗА МАКЕДОНИЈА. Авторовите реакции се секогаш силни, максимално интензивно, на своето творештво понекогаш и додава по малку нешто и драмско и кога --------------- искра еднаш запалена ќе го достигне својот врв, на читателот му останува единствената можност, самиот тој да осознае дека единствено за срцето не постојат закани. Нежната љубов и емпатија со која ја создава поезијата за деца не и дава да исчезне детето во неа, детето во нејзинато творештво во кое е засатапено, со чиста, невина детска искреност, со верба е вистински бисер со непроценлива вредност. Реалните карактеристики во пишувањето на Димовска осветлени во бојата на младоста и чувствата, говорат за лик на поет и писател кај кого е присутен топол карактер на човек. Жена праведлива, со силна омраза кон насилството и грубоста, со префинета способност да го одбере најдоброто и најубавото. Тоа е ТАА. ДАМАТА ЗМЕЈ. Гордана Димовска. Нејзиниот видливо сериозен однос кон создавањето , нејзиниот цврст и непоколеблив карактер, љубовта и наклонетоста кон драматургијата присутна во нејзините дела наполно ги оправдуваат сите нејзини јавни и опшествено значајни манифестации. Човек кој секогаш и останува верен на добрината, скромен, верен и посветен на работата, секогаш го брани чесниот, речиси непорочен живот на ликот на вистински ЧОВЕК. Комплетна и како човек и како лик на поет, писател, уметник, мултиталентирана дама со респект кон се она што го создава. Нејзините стихови и проза говорат многу повеќе од стих и секаков вид проза. Тие се визија за она што треба да биде, да остане вечна надеж која охрабрувачки како лична потреба ја води низ животот. Гордана Димовска не очајува врз поразите на своите надевања, барања, очекувања, копнежи.... Таа, низ својата работа ,однесување и создавање, го нуди сето свое разбирање, прифаќање на нештата, оправдување, укажувајќи ни на потребата од добронамерност и добрина, праведност, пријателство,---------- однос кон се што не опкружува, емпатија и силна љубов за она што е вистински вредно за сите нас. Во прозниот запис на Димовска , пишувањето добива психолошки, егзистенцијални и филозофски размери. Таа чувствува. Силно чувствува но не паѓа со духот пред неправдите. Не очајува. Нејзиниот јасен писателски тон и израз ја открива нејзината душа. А таа душа на дамата ЗМЕЈ, со сета своја добрина мудрува, очекува и знае силно да се надева. Понекогаш осцилираат и нејзините емоции, кога тажни, напати надежни... Со експресионистички стравови, темни предвестувања, својствено на секој од нас, нејзиното пишување има некој чуден поттикнувачки занес што се стреми во секој збор да го открие клучот, оној во кој емоцијата се соединува со литературата. Што и да пишува, песна, стих, расказ......песни посветени на животот , татковината или друг вид проза, нејзиното пишување живее со емоција. Нејзината емоција од стих во стих се провлекува во најразлични манифестации, издигната на едно повисоко ниво и осмислено на свој начин. За Гордана Димовска, зрел и искрен писател , тајните на пишувањето не се тајни, туку одговор за прадуховноста на зборот преку кој се открива нејзината изнијансирана и продлабочена личност. Таа сериозно се наметнува во уметничките кругови, во литературата како најесенцијален дел од уметноста воопшто, пишувајќи за и со емоции преточени во прозен запис или поетски стих во надеж и исполнување. Љубовта како вечно присутна убавина преточена во реланост. Љубов за Македонија, како вечно присутен императив на вдахновение. Како што охриѓанката Атина Бојаџи го преплива бесниот и преполн со стапици Ламанш, со големите бранови и опасни струи, медузите и сеприсутните грмотевици, студен туѓ и мрачен и покрај сите кризи предизвикани од 9 часовното непрекинато пливање во непристапните води помеѓу Француското и Британското копно, за на крај од тоа тешко патешествие да излезе победник и херој, прва и единствена жена која успеа во тој потфат, македонката А. Бојаџи така и нашата Гордана Димовска ХЕРОИНА на поновото време, успешно се втурнува во пресрет на секаков вид на предизвик, се бори за сопствената идеја и кауза, чувствувајќи се прекрасно во таа улога.пишувајќи ги овие редови, чинам дека го слушам и нејзиниот глас како ми порачува: Прекрасно е да се биде овде, да донесуваш каде и да си, одлуки со сопствениот ум и да ги спроведуваш заедно со сопствената своја сила светови за поубаво УТРЕ! Овоземната улога на Гордана Димовска е ширењето на ЉУБОВ. Безгранична љубов која го обојува целиот нејзин живот затоа што за неа убавината на живеењето е животот за Македонија. Со креативната енергија која ја црпи од себе, споена со силата на универзумот, Гордана Димовска чекори по вистинската патека дадена од БОГ и убаво и е. Среќна е. Затоа што таа знае, секогаш знае што сака, има јасни цели, зацртани идеи и желба да успее. Нејзината силна личност со енергијата која е секогаш во функција на напредокот, развојот, доброто, убавото, произведена во нејзините мисли, срце и душа прави од Гордана Димовска , жена која силно се бори за опстој и просперитет на својата Македонија, без оглен на тоа што живее илјадници километри подалеку. Понекогаш чувствувам како во неа да престојуваат стотици умови и уште повеќе планови, желби, идеи. Таа Г.Димовска во синергија со универзалната енергија го прави она што е најголемиот добробит за родот нејзин македонски. Тоа е нејзината единствена струја во животот која ја води по патеката на креацијата, создавањето, развојот, напредокот, затоа што за неа обратна сила не постои. Емоциите се нејзиниот индикатор. Таа добро знае каде треба да ги насочи, во кој правец, знае и умее да одбере да го сака и почитува она што од раѓање ја чини личност за респект, таа го сака тоа што од искона е нејзино, родно, од дедо, прадедо е коренот нејзин. За тој македонски корен, за земјата родна, за родот свој, таа ја чува најсилната и најчиста љубов. Гордана Димовска е мисионерот кој умее на целиот свет да му ја пренесе својата љубов. Во тоа е нејзината големина, Во тоа е значението и вредноста на личноста на Гордана Димовска |