|
|
Онтарио застана зад македонската култура |
Премиера на Трето Полувреме во Торонто
Во очи на третиот јубилеј од „Македонскиот месец на културата“ во Канада, Владата на Онтарио се заблагодари за значајното присуство на Македонија и македонската култура во културното живеење на Провинцијата. На официјалната средба Македонскиот амбасадор Тевдовски ја покани Премиерката на Онтарио Кејтлин Вин на Премиерата на македонскиот филм „Трето полувреме“ во Торонто, а Министерот за култура Мајкл Чен презеде обврска да ја промовира македонската култура на повеќе културни збиднувања во провинцијата.
Официјалната соработка со Владата на Провинцијата Онтарио во делот на културата доаѓа како резултат на тригодишната иницијатива од страна на Македонија за значајно и организирано културно присуство преку манифестацијата „Македонски месец“ на културата во Канада. Во изминатиот период Владата на Македонија го помагаше презентирањето на филмската, театарската и литературната културна понуда од Македонија, а Амбасадата на Република Македонија и Македонските иселенички организации се вклучија и преку организирање и презентирање на културата на Македонците од Канада. Премиерот на Онтарио, Кејтлин Вин на својата официјална средба со амбасадорот на Македонија, Љубен Тевдовски, ја нагласи својата фасцинација како со квалитетите на македонската културна продукција, така и со енергичниот и современ настап на Македонија и Македонците. Таа се заблагодари на Амбасадата и заедницата за пријателстовото и нагласи дека ќе продолжи да присуствува на македонските културни настани како и во изминатите неколку години. Амбасадорот Тевдовски, запознавајќи ја Премиерката со културното наследство на Македонија и врачи и покана за присуство на премиерата на најновиот македонски филмски проект во Канада, „Трето Полувреме“. На средбите со Министерот за култура на Онтарио, Мајкл Чен и Министерот за меѓувладини односи Лорел Бротен, Амбасадорот Тевдовски и претставници на македонската заедница разговараа за презентацијата на македонското културно наследство и учеството на македонската култура во животот на провинцијата. Во наредниот месец, во соработка со Министерството за култура на Онтарио, е најавена голема презентација на Македонскиот фолклор во Националниот Центар на Уметностите во Отава, како и присуство на македонските ансамбли на значајни фестивали и културни збиднувања во провинцијата.
MACEDONIAN UNITED PRESS Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите |