|
|
Во Вуковар се учи македонска Кирилица |
И додека копјата се кршат околу воведувањето на Кирилицата во Вуковар, со огромни симпатии двајцата хрватски претседатели – актуелниот д-р Иво Јосиповиќ и поранешниот Стјепан Месиќ, ја примија веста дека во Вуковар се учи македонската Кирилица. Имено, со делегацијата на „Нова Македонија“ (дописникот на „Нова Македонија“ од Хрватска и главниот уредник), во традиционална посета кај хрватските претседатели беше и уредничката на „Македонски глас“, Милена Георгиевска. Таа, Јосиповиќ и Месиќ ги запозна дека во Вуковар од оваа учебна година како изборен предмет во основното образование е воведен и македонскиот јазик, како и дека наставата ја посетуваат триесет ученици.
Покрај низата активности и иницијативи што ги има македонското национално малцинство во Р. Хрватска организирано преку Заедницата на Македонците, на разговорите стана збор и за актуелната состојба во Хрватска и Македонија, како и за влезот на Хрватска во ЕУ, каде Македонија ќе има вистински поддржувач… Јосиповиќ уште еднаш повтори дека Македонија во Хрватска има искрен пријател и поддржувач на нејзиниот пат кон евроатланските интеграции. Македонски глас М. Г. |