Среда, 24 Април 2013   
Делегација на Македонска алијанса на средба со министрите за образование и внатрешни работи на Република Албанија

 

makedonska-alijansa

Во Тирана на 22 април 2013 година, делегација на Македонска алијанса за европска интеграција предводена од претседателот Едмонд Темелко, подпреседателите Бесник Хасани и Таќо Гроздани и генералниот секретар Васил Стерјовски остварија средби со министрите за внатрешни работи и образование на Р.Албанија.

На средбите се разговараше за повеќе теми кој ги засегаат Македонците во Албанија.

Со министерот за образование, Миќерем Тафај се разговараше за петицијата на Македонците од Голо Брдо за учење на македонскиот јазик во образовниот процес во Голо Брдо и во сите градови во Албанија, како и за печатење на сите предмети на македонски јазик за училиштата во Мала Преспа каде единствено се признаваат Македонците во Албанија и каде се изучуваа македонскиот јазик во школите.

Министерот Тафај даде гаранции дека до септември сите предмети на македонски јазик кој со закон се предвидени за децата во Мала Преспа ќе бидат испечатени, додека за барањето на Македонците од Требиште, Голо Брдо од септември ќе се изучува македонскиот јазик од седмо оделение како што предвидува законот за образование на Република Албанија.

На средбата со министерот за внатрешни работи, Фламур Нока се разговараше за отварање на граничниот премин Џепиште-Требиште кај Голо Брдо со Македонија и трите гранични премини  Шиштавец, Борја и Оргоста во областа Гора со Косово.

Министерот Нока даде гаранции дека во мај 2013 година ќе се отвори граничниот премин Џепиште-Требише само за локалните жители од Голо Брдо и од Дебар, до изградбата на целосната инфраструктура за целосното отворање на овој граничен премин.

Додека за граничните премини Шиштавец, Борја и Оргоста во областа Гора, кој гранични премини  постоеја до сега само како пешачки премини, од мај 2013 година ќе бидат функсионални и за возила.

Овие гранични премини ќе влијаат за развој на областите Голо Брдо и Гора, области населени со Македонци и ќе се спречи процесот на емиграција на Македонците од овие области.

Исто така, делегацијата на Македонска алијанса со министерот Нока разговараа и за вработување на Македонци во сите нивоа во структурите на министерството за внатрешни работи на Албанија.

(Македониум)

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.