Петок, 03 Мај 2013   
Македонците во дијаспората за поддршка на културните здруженија во Грција

imagesПретставници на македонската дијаспора во Канада, на состаноците одржани во Торонто, договорија поддршка за зачувување на македонскиот јазик во Грција, преку помош на локалните медиуми, културни здруженија и печатење книги. Програмите се координирани од Евгенија Нацилиду, претставник на Обединетата македонска дијаспора за регионот на северна Грција.

- Долготрајната цел е отворање Македонски културен центар во Воден и обновување на изучувањето на македонскиот јазик кое претходно беше запрено под притисок на грчките власти. Средствата ќе и помогнат на Нацилиду и во нејзината тужба за клевета против еден од најголемите весници во Грција „Прото Тема“, весник поврзан со нео-нацистичката партија Златна Зора чии текстови минатата година доведоа до смртни закани упатени до Нацилиду, вели Мето Колоски од Обединетата македонска дијаспора.

На собирот во црквата „Свети Димитрија“ во Торонто, наречен „Вечер за Воден 2013”, било оценето дека стотици илјади етнички Македонци се соочени со притисоци врз нивната култура и кршење на правото на слобода на вероисповед од страна на грчката држава.

- Како Канаѓани со македонско потекло, длабоко ја цениме слободата и можностите кои Канада ни ги нуди. Овој собир е наша можност и ние да помогнеме, бидејќи знаеме како нашите браќа и сестри во Грција, и на други места, секојдневно се борат да го зачуваат својот македонски идентитет, култура и јазик, изјави Џим Дајкос, директор на ОМД за Канада.

Македонците од Торонто, во црквата Свети Климент Охридски, одржаа и лидерска конференција со учество на пратеникот Павле Саздов и амбасадорот Љубен Тевдовски, на која е истакната потребата од единство за зачувување на уставното име на Македонија и македонскиот идентитет.

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.