|
|
Доделена наградата за најдобра поетска збирка во дијаспората |
„Иселеничка грамота“ за Жаклина Михајлова и Лилјана Стоилковска-Андовска Наградата „Иселеничка грамота“, што традиционално ја доделува Матицата на иселениците за најдобра објавена поетска книга од македонските иселеници годинава им се додели на поетесите Жаклина Михајлова од Сиднеј, Австралија, за нејзината поетска книга „Од^ по жица“ и Лилјана Стоилковска-Андовска од Малме, Шведска, за поетската книга „Аксиос“. Во образложението на Жири комисијата во состав: д-р Христо Петрески (претседател) и Ефтим Клетников, Иван Чаповски, д-р Вера Стојчевска Антиќ и Елена Оровчанец-Спироска (членови) стои: „Наградата „Иселеничка грамота“ првенствено има цел да мотивира и стимулира, но и да го вреднува творештвото на авторите од Македонија во странство. Со оглед на високите естетски рамништа и пораки содржани во нивните две книги, жири комисијата сметаше дека и двете поетски книги се издвојуваат од останатата поетска продукција со својата заокруженост и целовитост, тематско-мотивските содржини и изразно-стилските постапки“. Наградата на Жаклина Михајлова и Лилјана Стоилковска-Андовска ќе им биде врачена на поетската манифестација „Празник на липите“ на Друштвото на писателите на Македонија што ќе се одржи во средината на јуни. Македонска нација |