Среда, 05 Јуни 2013   
Македонска иницијатива во автомобилскиот центар на Канада

 

Охрид започнува активна соработка со Виндзор – Канада

Економската презентација на Македонија во соработка со Стопанската Комора на Западно Онтарио, иницираната соработка со општина Виндзор, Корпорацијата за Економски развој и универзитетите во градот ја ставија Македонија во центарот на медиумското внимание во градот. Градоначалникот на Виндзор, Еди Френсис, му се заблагодари на посетата на македонскиот амбасадор и најави интензивирање на соработката со новиот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески.

avtomobilski-centar-kanada-1

„Тоа што Охрид има нов градоначалник, полн со енергија и иницијативи, за нас значи дека оваа соработка има потенцијал и во неа вреди да се инвестира.“ – изјави градоначалникот на Виндзор, Еди Френсис, вчера, 03 јуни, на чинот на возобновување на програмата за побратимување на двата града, која стагнирала во период од триесетина години.

„Македонија и Охрид најдоа добри пријатели тука во Виндзор“-изјави македонскиот амбасадор-„сигурен сум дека многу ќе научиме едни од други, и ќе придонесеме за благосостојбата и просперитетот на нашите граѓани и народи“. Македонската заедница им изрази огромна благодарност на пратениците од Виндзор, кои застанаа во активна поддршка на Македонската група во Канадскиот парламент. Пратеникот на владеачката конзервативна партија Џеф Ватсон и влијателниот опозиционер Брајан Меси, двајцата од Виндзор, се потпретседатели на Македонската група во Канадскиот парламент, а својата поддршка ја изрази и влијателниот Џозеф Комартен, Потпретседател на Канадскиот парламент од овој град.

avtomobilski-centar-kanada-2

На презентацијата на можностите за инвестирање во Македонија, во Економската комора на Виндзор и Есекс, присуствуваа повеќе претставници на автомобилската, прехрамбената и сервисната индустрија во градот, а презентации и разговори македонската делегација имаше и во Корпорацијата за Економски развој на Виндзор и Есекс.

avtomobilski-centar-kanada-3

Претседателот на Стопанската комора Мет Маршан го изрази своето задоволство од присуството и партнерството со Македонската амбасада, а особен интерес се разви и за презентацијата на реформите и резултатите на македоскиот образовен систем. И Универзитетот на Виндзор и франкофонскиот Колеж Бареал, за технологии и применети уметности изразија интерес за соработка со Македонските високообразовни институции во наредниот период.

Водечкиот медиум Виндзор Стар објави прилог со изјава од македонскиот амбасадор, а за настаните јавија и американско-канадскиот Биз Екс Магазин и регионалните радија.

avtomobilski-centar-kanada-4

avtomobilski-centar-kanada-5

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.