|
|
Ќе се одржи 4-тата Глобална Конференција на ОМД |
После свечената вечера во Сиднеј на 5 јули годинава, во Република Македонија од 24 јули до 2 август 2013 година, ќе се одржи 4-тата Глобална Конференција на ОМД, во Скопје и Охрид врз основа на 100 годишнината од Букурешкот договор од 1913 година, кога Македонија е поделена помеѓу Грција, Србија, Бугарија и Албанија за време на Балканските војни. Исто така, патувањето на учесниците ќе продолжи и низ Егејска и Пиринска Македонија. На 4-тата Глобална конференција на ОМД ќе има извесни теми околу македонските работи, околу грчката граѓанска војна на ДАГ од 1946-1949 година во Егејска Македонија, поврзано со „Децата бегалци“ - млади деца Македонци кои беа протерани од своите родни огништа и друго. Им посакуваме успех на свечената вечера во Сиднеј на 5 јули, каде ќе присуствува и министерот за надворешни работи на Австралија, пријателот на Македонците и Република Македонија, Боб Кар и претставниците (парламентарци) на Либералите, Лук Скимсон и Лабуристот Стивен Џонс, кои ќе примат награди од ОМД за успешно бранење на уставното уме на Македонија, меѓу своите парламентарци Австралијци. Исто така им посакувам успех и во 4-тата Глобална Конференција на ОМД во Република Македонијуа од 24 јули до 2 август 2013 година, каде ќе имаат можност да се сретнат и запознаат со лидерите на Владата на Република Македонија, Собранието и Претседателот на републиката, како и да посетат дел од преубавите предели на родна Македонија. Македонските патриоти кои се` уште не се пријавиле за свечената вечера во Сиднеј и за патување во Република Македонија за 4-тата Глобална Конференција, имаат шанса веднаш да се пријават во ОМД. |