Среда, 10 Јули 2013   
Генералниот конзул во Канада Драган Ѓурчевски му подари македонски штит на Мајк Зафировски

_____________1-001Генералниот конзулат на Република Македонија и Македонија 2025 организираа свечен прием на кој присуствуваа претставници на македонскиот бизнис сектор, претставници на Одборот на директори на Македонија 2025, како и голем број угледни бизнисмени од Канада меѓу кои и г-дин Џон Битов.

На овој настан кој беше поддржан и од Македонската бизнис асоцијација во Канада, присутните имаа специјална можност да дегустираат дел од асортиманот на македонски вина од Винаријата Стоби, како и призводи од македонски производители присутни на канадскиот пазар.

Во своето обраќање Генералниот конзул на Република Македонија во Торонто Драган Ѓурчевски ја потенцираше потребата од постојано негување и зајакнување на дијалогот со бизнис заедницата и приватниот сектор, заради остварување на заедничките цели и  постигнување на економски раст и развој на Република Македонија. Во продолжение Генералниот конзул Драган Ѓурчевски подарувајќи му македонски штит-симбол на вечноста на Претседателот на Одборот на директори на Македонија 2025 г-дин Мајк Зафировски, му се заблагодари за досегашната посветеност и му посака уште долги години работа во насока на промоција на Македонија ширум светот и помош во градењето посилна нација.

Приемот беше организиран со цел остварување поблиски бизнис контакти помеѓу претставниците на македонскиот бизнис сектор и канадските бизнис претставници, разгледување на можностите за отварање бизнис во Македонија, презентација на Македонија 2025 пред македонската дијаспора во Канада, како и промоција на престојниот Глобален инвестициски самит – 2013 што ќе се одржи во октомври месец во Охрид.

SLIKA_O1

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.