|
|
Апел до македонската дијаспора во Швајцарија |
Веќе 22 години Република Македонија е изложена на притисоци и уцени од страна на јужниот сосед. И покрај пресудата на Меѓународниот Суд на правдата во Хаг, како и позитивните извештаи од страна на Европската комисија, Грција продолжува и натаму да ги попречува евроатланските интеграции на нашата татковина. Вешто избегнувајќи ги преговорите за разрешување на спорот со името, кој е наметнат како услов за евроатланските интеграции, таа ја спречува Македонија да стане рамноправна членка на ЕУ и НАТО, а со тоа предизвикува непоправливи штети по економскиот развој на земјата и безбедноста на Македонија. Денес кога Македонија се наоѓа пред нови предизвици и провокации од разни структури како надворешни така и внатрешни, кои имаат за цел да го разбијат македонското единство, потребно е збивање на редовите на сите Македонци како во земјата така и во странство. Дојде време кога треба да се искористат сите потенцијали и со заеднички став да се крене гласот на Македонецот за конечно решавање на македонското прашање. Свесни за значењето на мигот, на сто годишнината од Букурешкиот договор, на 10 август 2013 од Женева ќе се отпочне со иницијативата „МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ“, чија основна цел е признавање на Македонија под уставното име во Швајцарија. Меѓутоа, за да се постигне главната цел, потребно е оваа иницијатива преку мрежата на македонската дијаспора во Швајцарија да се прошири во Европа. Така од пасивен набљудувач македонската дијаспора во ЕУ ќе стане активен учесник во постигнувањето на целите на македонскиот народ како што е зачувување на името и идентитетот, интегрирање во ЕУ и НАТО, а со тоа и зачувување на македонската држава како наша татковина. За да можеме да ги постигнеме зададените цели апелираме до сите Македонци во Швајцарија, без разлика на политички, верски или други определби да бидат единствени и масовно да ги поддржат следните активности: 1. Собирајње на 10 000 потписи во Швајцарија 2. Собирање на податоци за бројот на Македонци во Швајцарија (факти, статистика) 3. Активности преку кои ќе се докаже дека постои македонска дијаспора во Швајцарија. DEJAN AЏIJOSKI - ШVAJCARIJA |