Среда, 07 Август 2013   
Свечености по повод Илинден во Перт

ilinden-pert-1

Македонските Обединети Организации во Перт, Австралија организираа чествување на нашиот македонски национален и верски празник Илинден.

Во македонските православни цркви беа одржани богослужби и панихиди за паднатите борци и беа положени свежи цвеќина од страна на претставници на македонските организации пред ликот на нашиот великан Гоце Делчев во црквата Св. Никола.

Главната свеченост се одржа пред бистата на паднатите борци на Кингс Парк, а продолжи со претставниците РСЛ пред голем број на наши сонародници од сите делови на Македонија, со развиорени македонски знамиња.

ilinden-pert-4

Панихида за паднатите борци отслужија отец Веско Каранфиловски и отец Станко Јовановски.

Венци и свежи цвеќиња од името на Македонските Обединети Организации положија, г-нот Горданчо Мирчевски и г-нот Гоце Силјановски, претставници на Парламентот на Западна Австралија, претставници на Федералниот Парламент, претставници на локалните парламенти.

За значењето и важноста на најголемиот македонски национален и верски празник Илинден пред присутните се обратија г-нот Гоце Силјановски и г-ѓа Анѓела Велевска.

ilinden-pert-3

Меѓу другото беше истакнато дека ние Македонците макотрпно се бориме за докажување на посебноста на македонскиот народ, јазик, култура и дека и ден денес имаме таков предизвик. И дека ние како македонска заедница во Австралија треба да се пронајдеме како добро организирана заедница во австралиското општество.

Потоа во М.Н.О. Вардар беше организирана пригодна свеченост по повод националниот празник Илинден со пригоден говор на претседателот Благојче Глигуровски и со поставување на венци и свежо цвеќе пред бистата на нашиот идеолог и великан Гоце Делчев од страна на претставници на македонските организации.

Претходниот ден (сабота вечер) беше одржана забавна игранка во М.Н.О. Вардар, со говори за важноста и значењето на нашиот голем национален и верски празник Илинден.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.