|
|
Претседателот Иванов оствари средба со Македонците во Албанија |
За време на престојот во Република Албанија, претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов оствари средба со претставници на Македонците во Република Албанија. Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов престојуваше во Драч, Република Албанија каде се обрати на 5. Регионален претседателски Самит на тема „Пристапи кон практична употреба на можностите за поефикасна регионална соработка“. На годинешниот Самит чиј домаќин е претседателот на Република Албанија Бујар Нишани покрај претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов учествуваа и претседателите на Црна Гора, г-дин Филип Вујановиќ и претседателот на Република Косово, г-ѓа Атифете Јахјага. Македонскиот претсдател Ѓорге Иванов и албанскиот премиер Еди Рама, разговарале за спроведувањето на меѓународните договори и соживотот меѓу македонскиот и албанскиот народ во двете земји.„Претседателот изрази загриженост за вниманието кон македонското малцинство во Албанија. Се надевам и верувам дека заедно како соседи и како пријатели ќе придонесе во процесот на соработка, каде што строгото спроведување на меѓународните договори и механизми за соживотот меѓу македонското и албанското население во Македонија е неоспорно"изјавил Рама. Од друга страна претседателот Иванов, апелирал посебно внимание да се обрне на македонското малцинство во земјата. „Разговаравме за прашањата кои нè преокупираат како регион, сето ова во корист на благосостојбата на нашите народи. Со заедничкиот пат кон ЕУ се менува нашата реалност, сите го знаеме минатото на Балканот, но прв пат имаме нешто што нè доведува до иднината"порачал Претседателот Иванов.
|