|
|
26–ти Интернационален Фолклорен Фестивал Латзен–Хановер, Германија |
Македонско друштво „Илинден“- Тирана со делегација предводена од претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, потпретседателот г-дин Незир Меча и претседател на Македонско друштво „Илинден“- Тирана Огранок Голо Брдо г-дин Ули Халилај и г-дин Едмонд Османи активист на Македонците во Голо Брдо ќе го посетат Лаатцен –Хановер, Сојузна Република Германија каде ќе учестува со фоклорната група „Орeшек“ од Областа Гора на 26 –ти Интернационален Фолклорен Фестивал Латзен –Хановер, Германија.
Оваа година Македонски клуб „Илинден“ – Латзен, Хановер, Германија по 26-ти пат организира интернационален фолклорен фестивал, кој претставува една од познатите манифестации на клубот и градот Латзен. Манифестацијата ќе се одржи на 26-ти октомври 2013-та година. На фестивалот ќе земат учество повеќе меѓународни фолклорни групи кои претставуват културни групи во СР Германија. Оваа година на интернационалниот фестивал во Латзен ќе бидат преставени Македонската, Полската, Португалската и Српската култура, со повеќе фолклорни групи. Македонско Друштво „Илинден“-Тирана и Македонски Клуб „Илинден“- Латзен-Хановер, пред една година потпишаа договор за соработка, а една од точките беше и соработка на кутурен план. |