Среда, 09 Октомври 2013   
И Кристијан донесе камче во Австралија

ivan-trposki
Иван ТРПОСКИ

Приказната за позајмување камче од езерските извори кај манастирот „Свети Наум“ крај Охрид започна вака:

На нашето прво патување во Македонија во 1979 година, покрај нас со сопругата Нада ја поведовме и тригодишната ќерка Билјана. Така покрај родното наше Волино посетивме и повеќе културни и верски обележја. Посетата на манастирот Св. Наум крај Охридското Езеро ќе ни остави неизбришлив спомен во нашиот заеднички живот. Билјана играјќи се со песокот и белите камчиња крај изворската река, која се влева во езерото, зеде едно бело тркалезно камче и рече: „Тато, во Австралија нема вакво камче, јас ќе си го земам него“! Добро, и` реков, на желбата нема да се спротиставувам, но запомни само едно, ако сите што доаѓаат овде и си земаат по камче, тогаш каде ќе му отиде брегот на езерото? Ти земи го камчето сега, но кога ќе се омажиш и кога ќе дојдеш на меден месец со момчето, повторно, на истото место, ќе го вратиш.  Така, ем ќе си ја задоволиш својата желба, ем по после толкави години ти повторно ќе го израдуваш езерото, дека достоја на зборот. Дури и за секое новородено чедо ти ќе можеш да си позајмуваш по бело камче од оваa Светинаумовo манастирскo езеро, но и повторно нив ќе ги враќаш.

По дваесет и пет години, односно во 2004 година, кога Билјана се омажи за својот избраник Тони Јошески, не заборави на својот аманет, да го посетат манастирот Св. Наум, да му се заблагодарат на Светецот за позајменото камче и повторно него да го врати во изворската река. Со тоа на Билјан и` олесни во душата дека остана достојна на зборот што го даде уште во 1979 година.

Но приказната за позајмување камче од изворската река крај манастирот Св. Наум не завршува тука. По раѓањето на двете ќерки на Билјана и Тони, тригодишната Лана и едногодишната Адријана, во 2008 година, при посетата на родните села од нивните родители Волино, Охридско и Света, Демирхисарско, тие ќе го посетат повторно манастирот Св. Наум и ќе позајмат по едно камче од изворската река за двете нивни ќерки.

А во ова лето господово од 2013 година, при посетата на Македонија, Билјана и Тони покрај ќерките Лана и Адријана, со себе во манастирот Св. Наум го понесоа и едногодишниот син Кристијан, кој исто така позајми бело камче од изворската река. Така сега и тој, како и неговите сестри, со нивните брачни партнери кога ќе допатуваат на ова свето место, каде покрај благодарност на храмот од светецот – исцелител, за одржување на нивното здравје, тие ќе ги вратат и позајмените камчиња. На овој веќе традиционален чин, покрај фамилјата на Билјана и Тони, како сведоци ќе бидат и нивните родители кои допатуваа од Австралија, Нада и Иван Трпоски и Милица и Здравко Јошески.

ivan-trposki-2
Кај манастирот „Св.Наум Охридски“ фамилиите на Здравко и Тони Јошески и на Иван Трпоски – Охрид, август 2013 год.

ivan-trposki-3
И Кристијан зеде камче од езерото кај Св.Наум – Охрид, 2013 год.

ivan-trposki-4
Пред манастирот „Св.Наум Охридски“ фамилиите на Здравко и Тони Јошески и на Иван Трпоски – Охрид 7.8. 2013 год.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.