Среда, 09 Октомври 2013   
Зошто Македонците и Македонија се препуштени на крвавите раце на нивните соседи?!

janko-tomov
Пишува: Јанко ТОМОВ

Често слушаме: „Грција не го почитува меѓународното право и покрај пресудата на Меѓународниот суд на ОН од Хаг, по повод спречувањето за зачленувањето на Република Македонија во ЕУ и НАТО. Поради тоа ние Македонците само ги срамиме Грција и Бугарија, што не е само нивна вина.

Ако Грција и Бугарија, поради зачувување на етничките делови на Македонија, кои се наоѓаат под нивна окупација од 1913 година, не ја признаваат Македонија или македонската националност и македонскиот јазик, тоа е нивни проблем. Тоа непризнавање останува да го решат Владата на Република Македонија, македонски стручни и научни претставници со помош на Обединетите Нации, а не досегашни   еминџии на “Големиот брат”–извесен број претставници на ЕУ и НАТО. Поголемиот дел од нив, очигледно, се без доволни познавања од историјата, Меѓународното право и без сознанија на постоечките усвоени документи, како норми, декларации, одлуки, решенија, програми и слично, со кои се гарантираат основните човекови, национални, јазични, културни, верски и политички права, на народите и државите во Европа и во светот.

Но, бидејќи Грција и Бугарија, во овој случај, се најпогодни нивни маши или направи за да служат на високите раководители на ЕУ и НАТО, кои пак се послушници на големите сили кои имаат непроценети влијанија, што можат да купат секого за остварување на своите политички, економски, одбранбени и други слични потреби, за свои себични цели и страсти. Тие поедини големи светски сили, кои имаат влијанија врз ЕУ и НАТО, не признаваат никој кој е послаб од нив. Дури истите одат толку далеку, со своите нечесни политички игри, со што почнуваат да го губат угледот и од другите миролубиви народи, а и од светската непристрасна интелигенција, нарочно таа која настојува за спроведување и зачувување на мирот и просперитетот на  светот. Особено тој дел од интелигенцијата, кои преку своите правни дејности, преку своите невладини организации, засновани на меѓународното право и согласно со демократските принципи, од актуелното  правосудство и Повелбата за основните човекови права на Генералното собрание на ОН како што се Македонските: ОМД, СМК и АМКЧП како и индивидулални бивши македонски активисти и автори на национално-политички дела. Сите тие се трудат, без потребни финансиски средства, да го активираат македонското иселеништво во западната хемисвера, кое има услови за соработка и доследни влијанија врз своите политичари, дипломати, парламентарци, претседатели на влади и опозициони политички партии, за кои гласаат на изборите.

Треба да им се каже отворено, на тие поедини високи лидери на ЕУ и НАТО што е нивно “масло”, со кое сакаат себично да владеат од нивните канцеларии, да манипулираат со Балканските народи и нации како ним им одговара, а посебно со Македонија, која ја пропуштаат на недозволена антимакедонска национална, демократска, културна и економска шовинистичка политика на владата на Грција и закана од нејзини фашистички организации, како што е “Златна зора” и поедини свештеници. Сите тие подбуцнуваат нецивилизирани понижувања,  физички пресметки и навреди према мирниот македонскиот народ, кој го нарекуваат погрдно и нечесно “Скопски цигани”, користејки ја притоа и нивната Грчка христијанска вера и заблудена поддршка од поедини западни сили.

Споменатите поедини лидери на ЕУ и НАТО сакаат да ги придобиваат Грција и Бугарија, а и Албанија, која досега не ја признала Република Македонија, со своето уставно име, да го игнориираат Меѓународниот суд на правдата на ОН во Хаг, кој во 2011 година донесе решение Република Македонија да не биде попречувана, од страна на Грција, за пристапни преговори во ЕУ и членство во НАТО. Така тие земји измислуваат и други пречки, како што се добрососедски односи, со еден збор се` што не им одговара на тие окупаторски држави на македонски народ. Тие применуваат таква уцена, дека ќе користеле конзенсус односно вето, Република Македонија да не биде примена во тие светски организации, додека не се согласи да го смени  националното име, уставното име и да се откаже од својот мајчин јазик, историја, култура, национални македонски карактеристични традиции и обичаи, кои со милениуми, десетици илјадни години ги применуваме, континуирано како Македонци.

Кои се показателите што актуелната дипломатија на САД, раководена од Демокртаската партија, во последните 5 години избегнува да го користи уставното име на Македонија, иако администрацијата на Георге (Џорџ) младиот Буш ја призна Македонија во 2004 година, со уставното име и зошто не ја штити Република Македонија од политички и економски притисоци од Грција, Бугарија и Европската Унија?

Првенствено бившата државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, никогаш не ја посети Република Македонија, а нејзиниот супруг, кога беше Претседател на САД, сугерираше народот на Република Македонија да се држи до владата на Бугарија!? Тоа иницира дека Демократите имаат некој подмукол план, за поделба на Македонија, што се поклопува и со тоа што 2001година им помогнаа на Албанците од Косово заедно со поедини Албанци од Република Македонија и Албанија, вооружени од нив, да ја нападнат Република Македонија, во што успејаа со промена на уставот на Македонија и со воведување на Охридскиот рамковен договор, во корист на Албанците. Исто така, дипломатијата на САД, никако да интервенира да се вратат масовните убијци (Албанци) на петмината Македонци кај Смилевското езеро во 2011 година, кои се наоѓаат во Косово, за да им се суди во Скопје со останатите Албанци кои учествувале во тој масакар на невини Македонци.

Македонците од Република Македонија имаат илјадници Македонски сограѓани кои се државјани на демократски држави, кои претежно живеат во САД, Канада, Австралија и поедини Европски земји. Сите тие денес имаат свои пријатели и голем број мешани бракови со други народности во тие мултикултурни општества. Американските народи, како канадските и австралиските се најголемите пријатели на македонското иселеништво. Јазикот како званичен во тие држави и континенти ги поврзува најповеќе тие народи со македонскиот народ. Македонците се мирен и трудољубив народ, секогаш подготвени да помогнат. Во сите тие земји, македонските емигранти, кои денес имаат и до три нови генерации ги најмногу ги поддржуват прогресивните свои влади, кои на Македонците им ги признаваат сите права што им се признаени како и на другите иселеници да речеме од 160 националности кои зборуваат, прокрај англискиот јазик и околу 60-тина други официјални и литературни јазици.

Македонските имиња и презимиња и македонската националност, правилно се пишуваат во скоро сите документи при институциите на нивните влади. Канада ги признава и го користи правилно уставното име на Македонија. Австралија иако званично не го признава уставното име, сепак е една од најголемите поддржувачи на македонското иселеништво, а и има многу добра соработка и е во добри односи со Република Македонија.

САД иако званично ја именуваат уставно Република Македонија, во заедничка коресподенција, го избегнуваат уставното име при интернационални средби со други државници и светски институции, со цел да не го навредат грчкото лоби во САД и големиот број на американски конгресмени и генерали во НАТО, со грчка националност!

На крајот ќе го спомнам Мет Дејмон, славен американски актер, кој на 12 август 2013 година изјавил дека поранешниот претседател на САД, Џими Картер изјавил дека: „Повеќе не живееме во демократија“. Значи нешто со светската демократија не е во ред! Мет Дејмон мислел дека претседателот Барак Обама имал многу за објаснување, бидејќи бил професор по уставно право.

Голем број бивши функционери на ЕП, ЕУ, НАТО и високи раководители на Европските институции и влади, деновиве ја поддржуваат Република Македонија, за отпочнување преговори, за членство во ЕУ и НАТО, а што е многу важно го поддржуваат уставот на Македонија со македонската националност, македонскиот јазик, култура и историја. Додека биле на поранешните функции, овие наши драги пријатели научиле многу од потребите на почитувањето на демократијата, со примери од нејзино негирање, од страна на поедини Балкански земји, шовинистички и асимилаторски настроени према Македонците и Македонија, а и некои големи сили, со цел за лични интереси и недостојни демократски интереси. Уште поголем е и милионски бројот на различните по култура, вера и боја граѓани на европските и светските држави, кои ја ценат и сакаат вистинската демократија.

Лично јас посакувам на изборите за Европарламентот кои ќе се одржат во 2014 година, како и на изборите на НАТО, сите горе спомнати денешни пријатели на Македонија, реални и праведни дипломати и научници, поранешни високи претставници на меѓународните институции и влади, кои се` уште имаат енергија да ги завземат местата на актуелните лидери на ЕУ и НАТО, кои не сакаа или не можеа да ја признаат Република Македонија и македонскиот народ, за да може да биде рамноправен член на Меѓународната заедница.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.