|
|
Денови на Македонската култура во Лондон |
Од 9-ти до 15-ти октомври 2013 година во организација на Асоцијацијата на Македонците во Обединетото Кралство (АМУК), за прв пат се организираше манифестацијата “Денови на Македонската Култура во Лондон”. Целта на оваа манифестација беше: - Зајакнување на македонската заедница во Обединетото Кралство преку културни настани; - Запознавање и приближување на помладите генерации до државата од каде потекнуваат нивните родители; - Претставување на македонската фолклорна традиција преку песни, ора, носии и инструменти пред британската јавност и другите националности кој живеат во Лондон; - Дегустација на македонското вино и храна. За постигнување на овие цели беа организирани работилници и часови по фолклор за деца и возрасни од Македонија кои долго време се надвор од родната земја и живеат во Лондон се’ со цел барем за момент да се доближат до своето македоснко културно наследство како и часови за странци (односно Workshops (работилници)) кои со особено задоволство се јавија на огласот за учење македонски фолклор. Исто така во рамките на деновите на макеоднската култура беше организиран пазар на македонска храна и вино, а главниот настан на манифестација беше Гала концертот на кој со целовечерен концерт настапи Културно Уметничкото Друштво „ДРИМКОЛ“ од Вевчани. Главниот настан во рамките на „Деновите на Македонската култура во Лондон“ на кој со целовечерен концерт настапи Културно Уметничкото Друштво „Дримкол“ од Вевчани се одржа на 12-ти октомври 2013 во отмениот хотел на Royal Over-Seas League - Princess Alexandra Hall. Оваа манифестација во Лондон беше поддржана од Министерството за Култура на Р. Македонија, преку реализирање на проектот од меѓународна размена за 2013 година и амбасадорот на Р. Македонија во Лондон, г-динот Јован Донев.
Бона Петроска Е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите |