Претседателот на Македонското друштво „Илинден“ - Тирана г-дин Никола Ѓурѓај по поднесена оставка од стрна на г-дин Ерјон Танај генерален координатор на Македонското друштво „Илинден“ - Тирана, врз надлежностите означи нов генерален координатор Стојанка Палко, на 01.11.2013 година со мандат до 2016 година. Македонското друштво „Илинден“ – Тирана му се заблагодарува на г-дин Ерјон Танај за придонесот во Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, Танај ќе продолжи да ги поддржува активностите на Македонското друштво „Илинден“ - Тирана. Стојанка Палко е родена во Поградец, Република Албанија. Основното и гимназиското образование го завршува во Поградец, со континуиран одличен успех. Во 2006 година е добитник на стипендија од Република Македонија во Унверзитетот Св. Кирил и Методиј, Стоматолошки факултет, Скопје, Република Македонија. За време на студиите има присуствувано на разни медицински и стоматолошки конгреси, исто така на семинари и обуки, што многу и` помогнаа во усовршувањето и надградувањето на нејзините знаења, вештини и способности. Од 2010 година е член на Македонското друштво „Илинден“ - Тирана и дописник на македонски весник „Илинден“. Дипломира во 2012 година на Стоматолошкиот Факултет во Скопје како Доктор по Стоматологија. Во 2012 година беше еден од учесниците на третата Школа за Млади Лидери што се организира под покровителство на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов . Од 2012 година до сега работи како Доктор по Стоматологија во Тирана. Македонското друштво „Илинден“ - Тирана му посакува успех на Стојанка Палко.
Македонско друштво „Илинден“ - Тирана |