|
|
Баргала – Ново поетско издание во Сиднеј |
Новини од Македонската заедница во Сиднеј - НЈВ
Деновиве од Македонија покрај големиот број нашинци кои ја посетија нашата родна земја, нашата татковина Република Македонија се врати и нашиот познат драмски режисер, а сега и поет Јорде Петровски кој живее и работи во Сиднеј, НЈВ. Низ подолгиот разговор со него тој не` запозна за неговото поетско остварување, збирката поезија Баргала кое е негово прво поетско дело. А за издавач на оваа збирка поезија се појавува Агенцијата за иселеништво на Република Македонија каде книгата беше печатена. За оние читатели пошироко во Австралија кои недоволно или малку го познаваат Јорде Петровски овде посебно ќе нагласам дека тој не е непознатa личност меѓу Македонците, туку напротив тој е доста познат меѓу нашинците повеќе како драмски режисер во еден подолг период поточно од формирањето на Австралиско-македонски драмски театар во Сиднеј од 1994 година. За неговиот вложен труд на културно поле во Заедницата и пошироко бил наградуван во повеќе наврати и тоа; Признаница од општината Рокдаел, Парламентот на НЈВ, две номинации за големата награда Македонско златно сонце кое секоја година го доделува Македонскиот телефонски именик и други вредни награди. Баргала оваа дебитантска збирка поезија на авторот содржи триесетина песни и изобилува со песни посветени на татковината на фамилијата, родителите, внуците на родното село Аргулица кое го напуштил уште на петгодишна воздраст, за љубовта за децата за внуците... Поезијата во оваа збирка Аргулица не е дело на посложени и поимагитативни игри на асоцијации и симболи. Авторот овде се служи со скромниот и едноставниот поетски речник на печалбарот кој е толку далеку, но и толку блиску со душата и срцето до татковината. „Исклучително важно во песните на Јорде Петровски е пеењето од срце и душа, пеењето за љубовта кон татковината и нејзините знаменитости, а речиси во сите песни од збирката се препознава типичната печалбарска носталгија кон родината. Јасен и лесно спознатлив е неговиот отворен и оригинален поетски идентитет. Петровски ни подарува нови стихови низ кои согледуваме веќе согледани нешта, но и нешта кои ги среќаваме за прв пат“. Ќе рече во предговорот на оваа збирка поезија писателот Борче Орешански. МАКЕДОНИЈА Македонија вечна, Создателот нејзин пак, истурил |