|
|
Општина Пустец ќе ја снема зашто Македонците не чуваат пушки во амбари |
Пишува: Никола Ставрески - Мелбурн. Албанската влада реши да ја укине општина Пустец, во која доминира македонското население. Со новиот закон за територијална поделба тоа треба да се случи до локалните избори во 2015 година. Општина Пустец потоа ќе се припои кон неколку албански општини. Новата општина ќе се вика Полени (Појан) и ќе ги опфаќа општините Пустец, Полени и Врештас како и селата Шамол, Малавец, Белорта, Куч и Зи и Невечишт од општина Булгарец. Новата општина ќе има население од 41.396 илјади жители. Ова секако дека не е во интерес на Македонците кои живеат во Република Албанија. Во новата општина Македонците би немале никакво влијание и она од што најмногу се стравува е дека новата општина ќе биде раководена од градоначалник Албанец, а советот на општината ќе биде сочинет од Албанци. Тие, барем според Македонците кои живеат таму, ќе го раздадат општинското земјиште кое се наоѓа на брегот на Преспанското езеро на Албанци, со што со текот на годините би се менувала етничката структура на Мала Преспа, која сега е населена со чисто македонско население. Ова општина и не би била функционална за Македонците во општина Пустец, затоа што за секаква услуга треба да патуваат 40 километри до седиштето на новата општина. Ќе биде трагедија со назначувањето на новиот Градоначалник на таа општина во 2015 кога најверојатно ќе се започнат со експерименти и како прво ке ги менат и имињата на: селата, планините, улиците каде што живеат Македонците. Нема да ги заборавам зборовите на бабами кога бев мал ми викаше никогаш да не веруваш љочка и пес посебно кога ги бакнуваш во уста секогаш внимавај како ке ти возвратат. Ова за Македнците дојде како шок затоа што во сите досегашни иницијативи изминативе години за реформа на територијалната поделба, никогаш не беше предвидено укинување на општина Пустец. Како и да е Албанија се чини дека е решена да го превземе овој чекор. Но зошто сега? Зошто албанските власти повторно ги изиграа Македонците? Тие на средбите со високи претставници од Република Македонија ветуваа дека со новата територијална поделба нема да бидат укинати општините каде живее мнозинско македонско население. И зошто Албанците во Македонија збор не проговоруваат за ова? А кога во Македонија сакаат нешто веднаш ги отвораат пушките од амбарите. Сепак Македонците се уште се надеваат дека нешто може да се спречи со предупредувањата од меѓународната заедница и опомените за начинот на кој се однесува Албанија кон малцинствата. За разлика од албанската влада, пак, властите во Македонија постапија обратно. Тие со територијалната поделба припојуваа села населени со етнички Албанци кон градови населени со мнозинство Македонци. Со тоа вештачки ја менуваа етничката структура во новите општини со што Албанците станаа мнозинство и добија свои градоначалници. Мој предлог да го погледните следниот линк : http://www.gimprilep.edu.mk/istorija/albanija_megju_dvete_svetski_vojni.html Но Македонија секогаш сакала да ги задоволи сите. Затоа што знае со кого си има работа. Македонците, пак, во Албанија се мирен народ и немаат пушки по амбарите. |