Среда, 29 Јануари 2014   
Да не се попречуваат Македонците на граничниот премин Горица

Стерјовски побара од директорката на царината во Корча, да не се попречуваат Македонците на граничниот премин Горица

carina-granica-granicni-prelaz-horgos

Генералниот секретар на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, во Корча, оствари средба со директорката на царината за Округот на Корча, Ерјона Рафти.

Целта на ова средба беше поради зачестените поплаки на Македонците од Мала Преспа кој последниот период наидуваат на пречки на граничниот премин Горица и во повеќе случаи надлежните на овој граничен премин не им дозволуваат на Македонците да пренесуваат производи за дома а кој не се за трговија и кој се дозволени со закон.

Васил Стерјовски побара од директорката на царината во Корча, Ерјона Рафти да превземи мерки во иднина да не се попречуваат Македонците од Мала Преспа кој пазаруваат во Македонија и минуваат на овој граничен премин, бидејќи според законот дозволено е секој за домашна потреба да носи стока во вредност до 215 евра.

Директорката Ерјона Рафти од нејзина страна истакна дека никој вработен во царина не сме да ги попречува граѓаните кој според закон носат стока во вредност до 215 евра за домашна потреба и која не е наменета за трговија. При тоа директорката Ерјона Рафти побара од Васил Стерјовски да им пренесе на Македонците во Мала Преспа, кога ќе пазаруваат во Македонија да земаат фискални сметки за купената стока, и истата фискална сметка да ја покажат на царина за да можи да се потврди вредноста на стоката и според законот едно лице можи да пренеси стока во вредност до 215 евра и тоа само еднаш дневно.

Исто така, Васил Стерјовски со директорката Ерјона Рафти се договорија, ако во иднина некој Македонец од Мала Преспа, кој пренесува стока за домашна потреба во рамките предвини со закон, се попречува од страна вработените на граничниот премин Горица, да се извести директорка Ерјона Рафти која ќе превземи мерки кон тие вработени кој ја злоупотребуваат службената положба и овластување.

(Македониум)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.