|
|
Без масовно гласање на иселеништвото нема стабилност за Република Македонија |
Деновиве сме сведоци на предизвици за сериозни одлуки. Едните се за редовните Претседателски избори во Република Македонија и вторите предизвици се за предвремени Парламентарни избори заедно со претседателските. Државната изборна Комисија (ДИК), дава оглас дека и дијаспората ќе гласа во изборните единици 7, 8 и 9, еден ден пред одржувањето на изборите во Македонија, на 12-ти април. Во избирачкиот список со ѕвездичка се означени 68.000 македонски граѓани кои би требало да гласаат од странство. ДИК известува дека сите други иселеници, кои не се означени со ѕвездичка, во изборните списоци и кои се иселиле од Република Македонија, а сакаат да гласаат ќе треба да достават ЗАКОНСКА ДОЗВОЛА ЗА ПРЕСТОЈ, ДОЗВОЛА ЗА РАБОТА И ПРИЈАВА СО ЛИЧЕН ПОТПИС. ДИК, наскоро доплонително ќе донесе упатство за гласање на иселеништвото. ВМРО-ДПМНЕ најави дека на 1 март ќе го избере кандидатот за претседателските избори. Неизвесно е и дали актуелниот шеф на државата Ѓорге Иванов ќе побара доверба од граѓаните за втор мандат. Досега својата кандидатура за претседателските избори ја најавија Стојанче Ангелов и професорот Јове Кекеновски. Овој пат албанскиот блок бара Претседател на републиката да биде избран консензуален кандидат со меѓусебен договор на коалицијата на РМ, а не со посебни кандидати од секоја политичка партија на РМ, та народот на гласање, кој ке го избере тој да биде Претседател. Бидејки, по се игледа нее постигнат таков договор, ке се оди на Претседателски и воедно на Предвремени Парламентарни избори. Првите ке се одржат на 13 април, додека вторите ќе се одржат на 27 април. Според Македонска Информативна Агенција (МИА), висок политички претставник на ДУИ, Абдулаќим Адеми, министер за животна средина и просторно планирање во владата на РМ кој на 30 јануари 2014 година , за “Нова Македонија” изјавил: “Доколку нема консензуален кандидат, можни се предвремени избори”. Со таа изјава, се создаде голема шанса за иселеништвото, да излезе на масовно гласање на Претседателски и Предвремените Парламентарни избори во кус временски период. Коалиционта влада на РМ секако треба да мисли и за македонското иселеништво, кое има свое демократско право да го даде својот глас за Претседател и посебно за Премиер на родната Македонија, земја од која поради национални, политички и економски причини емигрирале по Втората Светска Војна. За таа цел потребно е масовното излегување на изборите, со најпрактични начини, преку современите електронски пошти и слично од страна на иселеништвото, кое ги исполнува предвидените услови, а тоа е да се државјани на Република Македонија. За таа потребна масовна излезност на иселеништвото за да се оствари демократски, потребно е веднаш Собранието на Република Македонија, како законодавно тело, да изгласа потребни дополнувања на закони за излезност каде емиграцијата живее распрскано во изборните единици на државите на федерациите на САД, Австралија и Канада. Местата на живеалишта во дијаспората, не се во иселенички колонии како што се замислува во републиката, кои за разлика од живеалиштата во Република Македонија, немаат услови да го дадат својот помасовен доприност во предизборните активности на своите претставници и правилно да гласаат за нив. Во македонските медиуми се истакнува дека останало затворено прашањето за гласање на дијаспората. Постои објективно мислење дека и тоа пршање може позитивно да се реши на седница на македонскиот Парламент, пред евентуалното самораспуштање во втората половина на февруари о.г. Во врска со тоа потребно е и организираните македонски субјекти во дијаспората, како што се ОМД, македонските заедници по државите и македонските национални, спортски, рекреативни, верски, културни и сл. здрауженија, асоцијации и општини, како и сличните македонски невладини организирани субјекти во републиката да се вклучат помасовно во барањата од Собранието на РМ и од Државната Изборна Комисија (ДИК), да се оствари дополнување на изборниот закон за дијаспората. Првенствено во законот да не се ограничува правото на глас на македонските државјани во дијаспората со дополнителни услови на излезност, кои со таа дополнителна излезност опозицијата и други субјекти го кочат македонското иселеништво за демократски да се изјасни за своите кандидати, било за Претседател на републиката или за Премиер на владата на Република Македонија. Со донесување на правилни и прифатливи закони и нивни дополнувања, македонската дијаспора повеќе ќе се ангажира пред своите политички претставници на парламентите и нивни политички колеги во земјите каде што живеат, за поголем и целосен просперитет на своите македонски зедници во дијаспората и за жителите на суверена Република Македонија. Со едн збор што е најважно: би ги побиле тезите на групите во Македонија (пред се` на опозицијата и на некои други антимакедонски елементи) дека правото на глас треба да се укине поради слабиот интерес за гласање! Тоа е услов за да победи мнозинството на македонскиот народ во републиката или во дијаспората, а ги има сите прва подеднакво што ќе допринесе заедно со своите сонародници, жители на РМ од други националности и етнички групи, да го зголемат соживотот и да се чувствуваат рамноправни жители на Република Македонија. |