|
|
Македонската дијаспора со поддршка за Иванов |
Mакедонски Клуб "Илинден"-Латцен-Хановер
Mакедонски Клуб “Илинден“ -Латцен-Хановер ја поддржува иницијативата за продолжување на мандатот на Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов. Претседателот Иванов никогаш не се колебал да ги брани нашите интереси, интересите на нашинците каде и да се и секогаш повикувал на единство за поуспешно делување и зачувување на индетитетот. Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов со големата поддршка што ни ја даде, ни дава право ние православните Македонци и Македонците муслимани во Република Германија да ја поддржиме иницијативата за втор мандат за Преседател на Република Македонија. Македонски Клуб “Илинден”- Латцен - Хановер
Претседател: Живко Лазаров
Mакедонско друштво "Илинден"-Тирана
Mакедонско друштво "Илинден" - Тирана ја поддржува иницијативата за продолжување мандатот на на на Претседател Република Македонија д-р Ѓорге Иванов. Со голема почит и благодарност на досегашна работа и неговите заложби со преставниците на македонското национално малцинство во Република Албанија. Претседателот Иванов во неговиот мандат не посети и ни посвети доволно внимание и време за заложба за зачувување на македонскиот идентитет, јазик и култура. Претседателот Иванов никогаш не се колебал да ги брани нашите интереси, интересите на нашинците каде и да се и секогаш повикувал на единство за поуспешно делување и зачување на индетитето. Претседател на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов со голема подршка која ни ја даде, ни дава право, но и обврска, ние Македонците православни и Македонците муслимани во Република Албанија да ја подржиме иницијатива за втор мандат за преседател на Република Македонија. Македонско друштво "Илинден"-Тирана Претседател: Никола Ѓурѓај
|