|
|
Голема прослава за Денот на жената во Мелбурн |
Како и секоја година така и оваа во прекрасниот амбиент на Sheldon Reception сопственост на нашите Иван и Лидија Нешковски, се одржа големата прослава по повод 8-ми март, меѓународниот ден на жената. Во организација на Македонско-австралиската организација прославата беше во знак на оддавање почит кон постигнувањата на жените во нивната борба за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Во говорот од претседателката на MACO, Лидија Нешковска беше нагласено дека жените и ден денес имаат важна улога во општеството и нивната борба денес се насочува и кон напорите за признавање на Македонија од страна на Австралија под нејзиното уставно име. На овој ден им се доделија и признанија – статуетки, на жени од Македонската заедница во Викторија за нивната долгогодишна активност и голем придонес за заедницата. За најуспешна жена оваа година е прогласена Д-р Сузана Котевска. За волонтерски активности во последните 30 години признание им се додели на Данче Џиков за посветеност и помош за зачувување на верата и јазикот,Снежана Талевска доби признание за зачувување на традицијата а Ана Стерјовска за најдобар студент по Македонски јазик во Викториското училиште за јазици. Почесен гостин на оваа прослава беше и австралискиот пратеник Ендрју Елсбери (Andrew Elsbury), најголемиот лобист за Македонија во Викторија. Тој ги поздрави присутните и им го честита Денот на жената на сите Македонки. Забавниот дел го збогатија специјалните македонски танчери од Кобра Кис , оркестарот Китка и гостите од Македонија, Молика Џуниор.Водителка на програмата беше Соња Стојановска. На сите присутни жени MACO им подари цвеќиња и им го честита 8- март со желби за уште поголеми достигнувања и успеси во Заедницата. Гордана Димовска |