Среда, 12 Март 2014   
Македонците на Мумба парада

Makedoncite-na-mumba-parada-2014-1

Под мотото People at Moomba денес пред сто илјади посетители продефилираа 2000 учесници, претставници на организации, здруженија и етнички групи од Викторија. Мелбурн, знае тоа да го направи во стил и секогаш да ја постигне целта. И оваа година ги потврди способностите да го прикаже пулсирањето на овој мултиетнички град преку разновидните костими, возила, презентации кои беа вистинско шаренило по улицата и топло поздравувани од публиката. Македонските организации, здруженија, по долги години отсуство од овој настан повторно се враќаат на сцена. Оваа година повторно на иницијатива на Гордана Димовска, во соработка со Лидија Нешковска од Македонско-австралиската организација, успееја да обезбедат учество на македонски претставник. Одговорноста за кореографијата ја презеде кореографот Аце Петровски кој направи избор од неколку македонски ора адаптирани за парада. Честитки за големиот труд што го вложија младите играорци на ММД Никола Карев и ја претставија Македонската заедница во Викторија во најубаво светло. MACO ќе продолжи и понатаму да ги мотивира културно уметничките друштва да пројавуваат поголем интерес за учество на големи настани во Австралија. Инаку Мумба парадата се одржува во чест на Денот на трудот во Австралија и ја следат еден милион гледачи пред тв екрани.

Makedoncite-na-mumba-parada-2014-2

Фасцинантен настап на нашите играорци кои предизвикаа голем интерес кај публиката која довикуваше убаво играње beautiful dancing! Македонските знамиња ги носеа Гоце Дуковски (облечен како Војвода), Лидија Нешковски и Лидија Поцев во народна носија. Со препознатливиот музички инструмент гајда се претстави Мишко Кордановски.

Минатогодишен претставник на Мумба беше КУД Александар Македонски.

Makedoncite-na-mumba-parada-2014-3

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.