Среда, 19 Март 2014   
Амбасадата на Република Македонија во Канбера објави ЈАВЕН ПОВИК за Парламентарни избори 2014

izbori

Податоци за видот на изборите за кои се гласа

Се известуваат државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство дека на 27.04.2014 година ќе се одржат Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија.

Повик за јавен увид во избирачкиот список и за пријавување за гласање

Се повикуваат државјаните на Република Македонија во Австралија кои сакаат да го остварат своето избирачко право, да извршат увид во посебните изводи од Избирачкиот список во просториите на Дипломатскo-конзуларното претставништво, односно конзуларната канцеларија на Република Македонија во Австралија, Канбера на 25 Cobbadah street, O'MALLEY 2606, ACT; Мелбурн на Level 7/492 St. Kilda Rd, VIC 3004 во периодот од 16.03.2014 година до 30.03.2014 година. При увидот, се идентификуваат пред надлежното лице со важечка патна исправа издадена од надлежен орган на Република Македонија или важечка лична карта. Увидот може да се изврши и преку интернет на следната адреса: http://www.sec.mk

Денот на започнувањето и завршувањето на пријавувањето за гласање

Во периодот од 6 март – 30 март 2014 година, пријавата за гласање, своерачно потпишана, се доставува до Дипломатско–конзуларното претставништво, односно конзуларната канцеларија на Република Македонија во Австралија, Канбера на 25 Cobbadah street, O'MALLEY 2606, ACT; Мелбурн на Level 7/492 St. Kilda Rd, VIC 3004 или се испраќа по електронска пошта на следната адреса:

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите за државјаните на Република Македонија кои се на привремен престој во странство повеќе од три месеци или се на привремена работа или престој во странство повеќе од една година, во една од државите од изборната едниница 9  (Азија и Австралија)

Потребните документи

Во прилог на пријавата, задолжително се доставува скенирана копија од документи како доказ за престој

во странство, и тоа:

- Документ/Потврда или копија од документот за докажување на привремен престој во странство повеќе од три месеци пред денот на одржувањето на изборите или за привремена работа или престој во странство повеќе од една година или

-  Дозвола за престој или работа во странство, издадена од надлежен орган на соодветната држава.

Појаснување кој може да гласа и каде ќе се спроведува гласањето

Право на глас имаат сите државјани на Република Македонија кои имаат пријавено последно живеалиште во Република Македонија, a на денот на изборите привремено престојуваат во Австралија повеќе од три месеци или се на привремена работа или престој во Австралија повеќе од една година, согласно со евиденцијата од надлежен орган, а кои од денот на распишувањето на изборите до завршувањето на јавниот увид доставиле пријава за гласање и се запишани во посебните изводи од Избирачкиот список.

Гласањето во Изборната едниница 9, ќе се одржи на 26.04.2014 година, во периодот од 07:00 до 19:00 часот, во просториите на Дипломатско–конзуларното претставништво, односно конзуларната канцеларија на

Република Македонија во Австралија, Канбера на 25 Cobbadah street, O'MALLEY 2606, ACT; Мелбурн на Level 7/492 St. Kilda Rd, VIC 3004

Извор: Фаланга- Австралија
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.