|
|
Комесарот за заштита од дискриминација вети помош за избрканите Македонци од работа во Корча |
Албанскиот комесар за заштита од дискриминација, Ирма Бараку, во Kорча оствари средба со Македонците избркани од работа, по нивно барање, на која присуствуваше и генералниот секретар на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски. Откако ги слушна нивните искази дека се избркани од работа само поради етничката припадност, без претходно направен прекршок на работа, таа им подели формулари за жалба ветувајќи им притоа дека ќе ги разгледа сите и максимално ќе помогне во рамките на нејзините надлежности.Во последниот период во Kорча се избркaни десетина Македонци кои работеа во разни претпријатија и институции. (Македониум) |