|
|
Ставање нож под грло на Македонецот и никој не го спречува тоа насилство |
Во мојот сон, некој Македонец од Република Македонија тргнал да оди во Европската унија со покана и своја согласност и на пат го сретнуваат еден Грк и еден Бугарин, едниот го држи, а другиот му става нож под грло! Значи тоа е закана за Македонецот да престане да оди кон ЕУ. Но Македонецот не се откажува од својата намера, а обајцата напаѓачи повеќе му го притискаат ножот под грлото, при што Македонецот тешко дише и почнува да му се губи гласот за помош, што сето тоа го гледаат и слушаат минувачи-современите демократски жители на Европа, европлатеници односно европарламентарци-комесари, претседатели, политичари, полицијата и претставници на нивните медиуми. Гледаат и го слушаат лелекот на Македонецот и си гледаат сеир, наместо да го спречат тој немил однос на силите, со итна употреба на постојните закони на Правосудството-законодавните и извршни инстируции, барем на ООН!? Си мислам во сонот, кој го памтам како да е јаве, зарем тоа што го видов не е тежок криминал, обид за убиство од страна на Гркот и Бугаринот!? Каде е Меѓународната заедница на ЕУ- правосудството, тоа да го спречи? Каде се политичарите и дипломатите на земјите членки на ЕУ, кои им ветуваат на своите народи кои ги избираат за свои претставници на власта, на нивните парламентарни избори, дека ќе ги штитат нивните интереси поврзани со сите меѓународни документи за соживот и меѓусебно рамноправно почитување, кое е засновано пред се’ на документите на ЕП, ЕУ и ООН. Со тоа се заштитуваат основните човекови права, националите права, верските права, националната историја, културата и сите карактеристики на соживот и пријателсаво со сите народи во Европа и светот. Тие обврски произлегуваат од Општата Декларација за човекови права, изгласана од страна на Генералното Собрание на Обединетите нации во 1948 година. Зарем тоа не е криминал на Меѓународната заедница на ЕУ и ОН и на сите нивни политичари, дипломати и правници кои не го заштитуваат нападнатиот Македонец и со тоа ги бодрат напаѓачите за нивната акција-закана за убиство пред сите очевидци на настанот!? Сите тие кои го прават и подржуваат криминалот еден ден и треба да бидат поставени пред судот на правдата на меѓубародното право. Кого да го посочиме како соучесник на криминалците напаѓачи? Мислам дека тоа не е општиот народ на Европа и на Светот, туку лидерите и службениците на нивните кабинети на ЕУ, ОН евентуално и НАТО. Сите тие немаат никакво оправдување за својата кусогледост на својите задолженија пред народот, кои водат кон поттикнување на криминал. Зошто Гркот му ставил нож под грло на Македонецот? Затоа што Гркот ја украл историјата на Македонецот, помогната од Германија, Австро-унгарија, Царска Русија и други светски сили, уште во 1820-те години, кога за прв пат западните сили ја создаваат Грција како држава. Подоцна во 1913 година, кога Грција ја окупира Јужна Македонија (Егејска Македонија) и до денес, се плаши да не се осознаат национално поробените Македонци, тие Македонци кои се во крајна фаза на асимилација и денационализација, од македонска во грчка националност. Грците денес ги користат современите методи за конечно истребување на Македонците со секојдневни тортури со планирано иселување на Македонци во западните земји, а во тоа имаат помош од американските политичатри и грешните лидери на ЕУ. Зошто Бугаринот му асистира на Гркот, држејќи го Македонецот да не мрда? Поголемиот дел од жителите на Бугарија се поранешни Тракијци и Антички Македонци, а извесен број се Туркомани, Татари и слични Азијати, особено тие кои се на раководни државни позиции. Со осознавањето на славјанскиот дух на народите, северно од Дунав и околу Црното Море, со Кавказ и голем број на земји од Блискиот Исток, пред и после окупациите на Отоманската Империја, се создаваат нови славјански кнежества, слични како на Балканскиот Полуостров. Така окупаторите Бугари-Татари Туркомени и сл. на дел од спомнатите народи им ги присвојуваат говорните јазици и писменост. До ден денес бугарските интелектуалци тврдарт дека тие ги измислиле говорните наречја на народите кои ги окупирале, а нема трага од јазикот и писменоста кои тие ја користат, во пределите од кои дошле во источно европското и балканското тло. Затоа Бугаринот му асистира на Гркот, за Македонецот да не може да отиде во престолината на ЕУ, Брисел и со тоа да ги зачува украдените македонски говорени јазици и писменост. Што е намерата на Меѓународната заедница да ги одобрува Гркот и Бугаринот да го присилуваат Македонецот национално да исчезне во Европа, денешна Европа која е без правда и хуманост? Што ме натера сонот да мислам дека не е правилно однесувањето на Меѓународната заедница која е под влијание на поедини лидери и институции -политичари на нехуиманиот дел на Демократската партија на САД кон Македонците и Македонија? На таа мисла ме натера гласањето во ЕП во Брисел, кое ќе се одржи од 22-25 мај 2014 година, за давање на отказ на сите досегашни лидери на ЕУ, кои не ги користат правилно законските регулативи и на нивно место поставување од народот на државите членки на ЕУ, чесни, образовни лидери на институциите на ЕУ, кои знаат да ги спроведуваат постоечките законитости прецизно и правилно. Не знам, можеби тоа е само сон! Дали и вие сте имале сличен сон? Ако сте имале пробајте јавно да го пренесете во современото бесправно Европско општество! Бившите Југословенски републики, а денешните балкански држави, веќе четврти век чекаат да бидат примени во Европското семејство, иако нивните народи во античкиот период ги поставија темелите на Европските јазици, култури и цивилизациски вредности, кои европските држави, членки на ЕУ, ги користат како свои и како тие да ги создале, за кои немаат историски покритија. Не само запоставените и уценети Балкански држави и Славјански народи, туку и други Источно –европски држави, како што се со сила и без право уценувани, исто така како Република Македонија уценувана 24 години е и Славјанската држава обесправена Украина. Еден ден ќе се докаже дека денешните лидери на ЕУ и САД, биле себични и само за свои лични партиски интереси национално и економски ги угнетувале Славјанските држави кои ќе бидат исмевани од нивните идни генерации. |