Среда, 23 Април 2014   
Грчки шпиони и во Австралија активно работеле на погрчување на Македонците

(Канбера ги отвори архивите)

Превод: Гоце Дуртановски

Редакција: Јанко ТОМОВ

Националниот Aвстралиски архив декласифицира некои доверливи документи за активностите на грчки државни разузнавачки служби на територијата на Австралија, главно насочени кон Македонците од Егејскиот дел на Македонија и нивното прифаќање на Грчката православна црква.

Во информација на Австралиската разузнавачка служба за активностите на грчка државна разузнавачка служба на територијата на Австралија меѓу „грчката заедница“, меѓу другото пишува за бројни активности на грчките агенти меѓу Македонците. Во еден од тие документи пишува дека во грчката амбасада работат бивши офицери од грчката армија кои и порано работеле на „македонските работи“. Исто така, Австралија издала виза за новинар на Атинската новинска агенција, но подоцна се воспоставило дека тој и воопшто не работи во таа агенција. Во август 1969 година двајца офицери на грчката разузнаваачка служба, Леонидас Мавраганис и неговиот преведувач Георгиос Пулакис, „биле замешани во неколку инциденти за кои знаеме дека биле предизвикани од разузнавачки активности на грчката влада во грчката заедница во Австралија“.

Главните активности на грчките шпиони на територијата на Австралија уште во шеесетите години на минатиот век имале само една цел – погрчување на Македонците од Егејска Македонија, сега Aвстралиски државјани, нивно прифаќање на грчките организации и на Грчката православна црква.

Vo prodol`enie е дел од писмото на извесен Питер Пантопулос од Мелбурн,  испратено во 1974 година до тогашниот Aвстралиски premier Гоф Витлам, od koe се гледа како припадници на грчки разузнавачки служби (KYR) ги шпионирале и ги малтретирале етничките Македонци во Австралија во 1974 година:

Господине Премиер,

“Ви го пишувам ова писмо во име на стотина Македонци кои сме жртви на отворени закани на грчки агенти во Мелбурн.

Јас од Грција во Австралија емигрирав уште во 1948 година, а на 31 август 1953 година станав државјанин на Австралија. Тука формирав и семејство и ја засакав оваа убава земја. Но, неодамна неколку пати примив закани од странски шпиони и агенти. Неколку пати ми се заканија дека ако не се придружам на грчката организација во Канбера, тогаш никогаш повеќе нема да го видам моето родно село и дека ќе го изгубам имотот во Грција. На почетокот мислев дека е тоа една најобична шега. Еден од нив ми рече дека неговиот пријател е припадник на грчката тајна полиција и дека кога тој ќе се врати во Грција, нема да биде добро за никого од нас.

Потоа еден пријател ми донесе исечок од еден локален грчки весник со името на мојот брат, моето име и имињата на други Македонци – сите бевме прогласени за комунисти. Никогаш не сум бил член на таква организација. 26 години живеам во Австралија и некој сега ме прогласува за комунист. Отидов да се жалам во грчката амбасада. Таму господинот Луцкатарас ми рече дека според неговите информации јас сум бил член на Македонската православна заедница во Австралија која е против Грција. Јас му реков дека македонската заедница помага во изградбата на црква“

grcki-spion

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.