Среда, 30 Април 2014   
Успешно гласање на дијаспората

Јанко ТОМОВ

glasanjeПремиерот на Републка Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по трет пат е избран на предвремени парламентарни избори од 2006 година до 27 април 2014 година со освоени  61 пратеничко место во парламентот на РМ. Премиерот Никола Груевски заедно со реизбраниот претседател Ѓорге Иванов ќе ја водат Република Македонија во наредните 4, односно 5 години, а Македонското движење во дијаспората со своите активисти и иселениците га им посакува продолжување на успесите како и досега, а пред се` сочувување на националното и уставно име на Македонија.

Покрај големи закани за бојкотирање на претседателските избори во првиот круг на 13 април од страна на албанската ДУИ, како и идиотски финансиски клевети од страна на лидерот на СДСМ против премиерот Груевски, во предизборната активност за парламентарните и вториот круг на претседателските избори одржани на 27 април 2014 година, се’ се заврши добро и достоинствено. Зрелоста и култирата преовладаа над заканите и злите духови од страна на македонските гласачи и етничките жители на Република Македонија со мирни и фер избори, кои за прв пат протекоа без забележителни инциденти.

Македонската дијаспора гласаше еден ден пред првиот круг на претседателските изботи на 12 април, исто така и еден ден пред парламентарните и вториот круг на претседателски избори, кои се одржаа заедно во Изборните единици: 7 за Европа; 8 за САД и Канада и 9 за Австралија и Азија.

Во изборната единица 9 во претставништвата за гласање во Австралија, први гласаа македонските емигранти, поради времето кое почнува неколку стотици километри од источниот брег на Австралија и заминува за Европа. На овие избори победи кандидатот на Задграничниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Мелбурн, Викторија, Васко Наумовски, пред кандидатите на СДСМ и ДУИ. Се надеваме дека Васко Наумовски ќе ги зајакне и Задграничните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Австралија, кои не се активни или недоволно активни, а исто така ќе соработува и со опозиционите претставништва, доколку ги има во Австралија.

Васко Наумовски, во предизборната активност која траеше кратко време, покрај претставувањето пред иселениците од Мелбурн, Викторија, успеа да ја претстави својата програма пред Македонците од Сиднеј, Нов Јужен Велс. Тоа е добар знак, уште од самиот почеток на австралискиот пратеник, дека ќе соработува со иселеништвото и дека ќе ги застапува нивните интереси, а и интересите на Република Македонија во парламентот на републиката истовремено и интересите на Македонија пред австралиската влада и институции.

Според мое мислење, поранешниот пратеник од Австралија, Мики Додевски, достојно ги бранеше интересите на Република Македонија, но немаше доволно можности да ги претставува иселениците во Македонскиот праламент за да ги задоволува нивните потреби и барања. Тоа според мене, беше поради пионерската активност како прв пратеник од Австралија, која функција бара искуства и време, со повеќе контакти и договори со лидерите и водствата на македонските национални и политички организации, македонските православни општини, културно –просветни заедници и асоцијации, како и со претставниците на Македонските заедници на 7-те држави на Австралиската федерација. Исто така, што е пропуштено од првиот пратеник, Васко Наумовски треба да соработува со Агенцијата за Иселеништво на Република Македонија, која има постојани успешни контакти со иселеништвото.

За овој успех на пратеникот Васко Наумовски се заслужни членовите и управата на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Мелбурн, како и големата активност во предизборието, со организирање на превоз и доставување на потребни информации од активната група на Македонска Фаланга од Викторија.

Втори гласаа македонските иселеници од Европа, во Изборната единица 8,  исто така на 26 април. Според „Дневник“ од 28 април 2014, кандидатот на Задграничниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Ристо Манчев, повторно беше избран за пратеник на парламентот на РМ. Ристо Манчев има извесни искуства и му посакуваме повеќе контакти со иселениците и преку Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, соработка со истакнати лидери и водства на македонски организирани субјекти во дијаспората.

Трети гласаа македонските иселеници од Изборната единица 7, за САД и Канада, за својот пратеник Павле Саздов, кој по втор пат стана нивни преставник во македонскиот парламент. За гласање во ИЕ 7 според „Дневник“ се пријавиле 23.782 лица. Над 1700 гласачи излегле на гласачките места на 26 април во претставништвата за гласање во САД, додека на 12  април за претседател гласале 650 гласачи.

Според Државната Изборна Комисија (ДИК): ВМРО-ДПМНЕ добила 61 пратеник во парламентот на РМ, СДСМ (социјалистите-бивши комунисти) 34, ДУИ (Македонски Албанци) 19, ДПА исто така Македонски Албанци 7, ГРОМ и НДП –Македонски партии по еден пратеник. Вкупно 122 пратеника во парламентот на Република Македонија.

Претседателот Ѓорге Иванов од ВМРО-ДПМНЕ, победи на претседателските избори со 534.154 гласови, пред Пендаровски од СДСМ кој освои 398.008.

И огранокот на ВМРО-ДПМНЕ од мојата родна Стумица победи на овие избори. На сите патриоти и помагачи им ја честитам победата и им посакувам слога здравје и просперитет во сите полиња од животот. Истото им го посакуваме и на лидерите и раководствата  и членовите на ограноците на ВМРО-ДПМНЕ по селата и градовите во Република Македонија, со желба да слични ограноци на ВМРО-ДПМНЕ се основаат и во Пиринска Македонија, Егејска Македонија и Мала Преспа со Голо Брдо и околината.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.