|
|
Македонските граѓани одбраа кој ќе ги води во наредните четири години |
Почитуван Претседател на Владата на Република Македонија г-дин Никола Груевски
Дозволете во мое лично име, и во име на македонското друштво "Илинден"- Тирана, да Ви ја честитам големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата “За подобра Македонија“ на претседателките и парламентарните избори 2014 година. Република Македонија уште еднаш ја покажа својата зрелост со одржувањето на мирни и демократски избори. Македонските граѓани одбраа кој ќе ги води во наредните четири години. Владата на Република Македонија со која Вие успешно раководите повеќе од седум години има направено огромен исчекор за подобрување на секојдневното живеење на македонските граѓани. Знаете дека во вашето справување со современите предизвици на македонската држава имате огромна поддршка од Македонците во Република Албанија, затоа што напредокот и благодетта на Mакедонскиот народ во Република Македонија претставува поттик за истрајност во напорите за негување и промоција на македонскиот национален, јазичен, културен и духовен идентитет на Македонците каде и да живеат. Завршувајќи го ова наше кратко обраќање од соседна Република Албанија, уште еднаш го упатуваме нашето највисоко почитување до Вас.
МАКЕДОНСКО ДРУШТВО “ИЛИНДЕН”- ТИРАНА
ПРЕТСЕДАТЕЛ НИКОЛА ЃУРЃАЈ |