Среда, 14 Мај 2014   
Петта годишна конференција на иселеничките организации во Република Македонија

4-ta-godisna-konferencija

Апел од Агенцијата за иселеништво на Република Македонија

До сите македонски иселенички организации и асоцијации

Покана за учество на Петтата годишна конференција на иселеничките организации во Република Македонија

Почитувани,

Ми претставува особена чест и задоволство да ве поканам да земете учество на Петтата годишна конференција на иселеничките организации, што ќе се одржи на 23 и 24 јули 2014 година во Скопје во амфитеатарот на Министерството за надворешни работи, во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија.

Исто како и минатата година и оваа година очекуваме Конференцијата да биде отворена од страна на Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски.

Дневен ред на Конференцијата:

1. Чување и негување на македонскиот јазик и култура како и јазикот и културата на припадниците на заедниците во Република Македонија кои не се мнозинство и поддршка на конкретни проекти и активности на иселениците и иселеничките организации од страна на надлежните државни органи

2. Државјанство и избирачко право

3. Организираност и поврзаност на иселениците од Македонија и нивните организации во светот и нивна соработка со Агенцијата за иселеништво на Република Македонија и организирање на форуми на иселеници според одделни професии

4. Остварување на пензиско право на иселениците

5. Завршни дискусии (прашања и одговори) со пратениците од дијаспората

6. Свечено затворање на Петтата годишна конференција на иселенички организации и доделување на одликувања и признанија "Македонија памти" за особени заслуги и достигнувања на физички и правни лица од иселеништво, за афирмација на Република Македонија во светот, во сите области на општествено делување од страна на Претседателот на Република Македонија Н.Е. д-р Ѓорге Иванов

Ве молиме присуството на претставниците од вашата огранизација да го потврдите во Агенцијата за иселеништво најдоцна до 30 јуни 2014 година. Доколку претставниците имаат интерес за свои излагања по наведените теми, ве молиме да ги најавите до наведениот датум, а за подетални информации околу Програмата ќе ве известиме веднаш по нејзиното изготвување.

e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или
тел: 00389 23118 633
факс 00389 23118 539

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.