|
|
Успешно представена претставата БОРЕЊЕ СО МЕЧКА пред сиднејската публика |
Пред турнејата во Македонија успешно представена претставата БОРЕЊЕ СО МЕЧКА пред сиднејската публика На 16 мај Австралиско македонскиот театар од Сиднеј успешно ја прикажа последната престава на најгледаната драма во Австралија „Борење со мечка“ од Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу. Ова беше 12 престава пред самата турнеја во Македонија каде драмата ќе се прикаже во Скопје на 4 јуни, Велес на 6, Штип на 7, Струмица на 9, Прилеп на 10, Битола на 13 и Охрид на 14 јуни. Во Прилеп ќе земе учество на 49-тиот Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Покрај многубројните престави, членовите на театарот ќе бидат во можност да посетат повеќе историски и културни места во Македонија како и да се сретнат со повеќе лица од македонските театри со цел да се развие поголема взаемна соработка. |