Среда, 28 Мај 2014   
Промоцијата на книгата „Вечна светлина над Македонија“ од Гордана Димовска

Литературниот клуб Љубители на литература, култура и наука - Св. Висарион од Демир Хисар пред читателите се претстави со своето ново објавено дело од авторката Гордана Димовска,

gordana-dimovska-1

Гордана Димовска е долгогодишен соработник од Мелбурн, далечната Австралија. Авторката потекнува од битолското село Оптичари, а од 1993 година живее и твори во Мелбурн, Австралија. Во Градската библиотека Григор Прличев се одржа промоцијата на книгата „Вечна светлина над Македонија“ од Гордана Димовска. Оваа книга е осврт на погледите и визиите за родната земја. Книгата е збир на дел од нејзините есеи, колумни, лирски исповеди, научни трудови, пораки. Сите тие зборуваат за многу важни моменти од македонската историја, поучуваат, информираат. Честа на промоцијата на книгата им припадна на рецензентите Професорот Вангелко Лозаноски и Љубица Чифлигароска. Делови од книгата читаа и нашите соработници учениците Магдалена Стефаноска и Јана Иваноска од литературната секција од О.У. Кочо Рацин од Охрид. Сите заедно се потрудија со својата вештина да ја пренесат содржината на делото во кое авторката со голема љубов и храброст се бори за зачувањето на македонскиот јазик кај новите македонски поколенија во далечниот свет надвор од границите на нашата Македонија.

Авторката за своето дело вели: „Низ текстовите е одразена борбата за зачувуање на македонските национални вредности кои го создаваат македонскиот идентитет и кои не смеат да се рушат под никакви услови ни цена. Се навраќаме во минатото за да стигнеме до сегашноста и да изградиме нови патеки по кои Македонија сигурно и смело ќе чекори кон СВЕТЛА ИДНИНА“. Здружението и издавач на книгата, Св.Висарион во освртот кон нејзиното дело пишува:

И денес создаваме жива историја и светли и горди примери како се сака и бори за Македонија. Нејзините научни и литературни дела зборуваат за минатото, сегашноста и иднината на родната Македонија. Таа секогаш со голема почит и љубов зборува за нејзините корени со тоа што е чест дописник на наши македонски списанија, весници кои се печатат во нашава татковина и светот. Таа е светол и восхитувачки пример за Македонки и Македонци од Македонија и светот. Само тие кои не ја напуштиле Македонија немаат доживеано што е болка, тага, копнеж насталгија за родната земја. Таа е еден од нашите најблиски и најуспешни соработници од дијаспората. Гордана се појавува како истакната поетеса, есеист, научник, публицист, новинар и просветен работник на македонските ученици во Мелбурн. Бидејќи промоцијата се изведуваше без присуство на авторот, тука беа присутни нејзините блиски роднини од Битола кои со гордост ја претставуваа фамилијата на авторката.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.