Среда, 28 Мај 2014   
Свечена Академија за Свети Кирил и Методиј во Сиднеј

Zaklina_Mihajlova_copy Жаклина Михајлова – Учителката

Во неделата на 25–ти мај 2014 година, со најголеми почести се одржа чествување на славните браќа Свети Кирил и Методиј Солунски.

Македонскиот Просветно Училишен Одбор за Нов Јужен Велс како и секогаш, натпросечно ја организира оваа величенствена свеченост на која присуствуваа родителите и учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во етничките и редовните основни училишта, како и во саботните средни училишта. Свеченоста се одржа во Црквата „Свети Кирил и Методи“ во Сиднеј.

На свеченоста, гостите ги поздрави Г-ѓата Луција Џонс, Потпретседател на Федерацијата за јазици на зедницата, која поздравувајќи ги присутните истакна дека: „Македонскиот јазик е еден од 58-те јазици што се изучуваат во НЈВ. Изучувањето на мајчиниот јазик има голема важност за развојот на децата, за нивното идно образование, за интегрирањето во општеството. Учениците кои го изучуваат мајчиниот јазик се подобри и поуспешни во животот, покажува статистиката“, истакна Г-ѓата Џонс. За делото и значењето на светите браќа Кирил и Методиј зборуваше Претседателот на Македонскиот Просветно Училишен Одбор, Г-ѓата Жаклина Михајлова, која меѓу другото рече:

„Ние Македонците сме вредни луѓе. Се` што сакаме да направиме можеме, заради тоа што нашите корени се длабоки. Бидете горди што сте Македонци, зашто се` на овој свет почнува од Македонија. Македонија е мајка на светот, а ние сме домородци или кажано по австралиски Абориџани на светот.

Најсветото што може да го направите за вашите поколенија е да го изучувате македонскиот јазик денес. Со тоа ја изучувате нашата илјадници години стара трдиција и култура и ја продолжувате мисијата на Светите Кирил и Методиј.“

На денот беше формирана и Асоцијацијата на учители од македонско потекло, која е најнова иницијатива на Македонскиот Просветно Училишен Одбор. Оваа Асоцијација која ќе работи под закрила на Одборот треба да биде составена од просветни работници, учители и професори, кои работат во предучилишните установи, во основните и средните училишта, како и на факултетите. Целта е да се искористат професионалните способности на секој учител за надградба на знаењето и вештините на сите други, со што ќе се зајакне и секоја просветна програма.

На Академијата на заслужните учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во Нов Јужен Велс, од сите редовни и етнички основни и средни училишта им беа доделени Признанија и Награди.

Специјални Благодарници им беа врачени и на активисти, доброволци и пријатели на македонскиот јазик, кои го помагаат изучувањето на македонскиот јазик и донираат парични средства на Одборот, со што ја поткрепуваат работата на истиот.

Добитници на Признанија за изучување на македонскиот јазик во Нов Јужен Велс:

Филип Јанчиќ, Теодора Силјановска, Антони Простиженовски, Стефан Тасевски, Кристијан Ристески, Ангела Јанкуловска, Шантел Камнароска, Бријана Павловска, Игор Марковски, Грегори Велески, Мартина Гергис, Наталија Аневска, Илина Трифуновска, Антонио Алтипармак, Владимир Талаковски, Теа Ружиновска, Максим Јовановски, Антониа Ризова, Наташа Трпковска, Даниел Ристевски, Наталија Дапчевска, Виктор Дапчевски, Елена Стојчевска, Тијана Паревска, Алекса Рајчиновска, Клаудија Трајчевска, Алана Димовска, Викторија Петковска, Алексија Петровска, Ема Маневска, Јана Лозенковска, Џасинта Марковска, Мелиса Стерјовска, Кристијан Стојановски, Живко Бардевски, Моника Крцоска, Кристијан Крцоски, Виолета Лабоска, Илчо Марковски, Деспина Велеска, Нина Трифуновска, Катерина Марковска, Кристина Марковска и Ангела Исајловска.

Просветни работници:

Цвета Чумковска, Славица Ристевска, Силвана Трајковска, Трајана Стојановска, Лилјана Спироска, Весна Трајковска, Благоја Јосифовски, Мери Петковска, Сузана Стојановска, Александра Кузмановска, Моника Халчу Спасевска, Наташа Котевска, Дијана Јовчевска и Бети Огненовска.

Заслужни членови на МПУО и пријатели на македонскиот јазик:

Кире Пашовски, Роберт Кочовски, Доне Кочанковски, Управа на МПЦ „Света Петка“ Рокдаел, Мак Видео - Драган Димитровски, Зара Јошевска, Carlton Public School, МПОС – Црква „Свети Кирил и Методиј“, Јове Стојановски "Macprint", Македонската Православна Црква „Свети Димитрија Солунски“ Волонгонг, Иван Трпоски, Др. Васил Тулевски, Д-р Маја Цветковска

Управа на МПЦ „Света Петка“ Рокдаел, Љубе Максимовски, Мариовското Друштво од Сиднеј и Коста и Марика "Georgievski Bros P/L".

20140525_172526

20140525_164056

20140525_165411_2

20140525_165103_2_copy

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.