Среда, 04 Јуни 2014   
Примена на македонскиот фолклор во мултикултурна, мултиетничка Австралија (3 дел)

Јанко ТОМОВ

Поради поголема прегледност за дел од влијанијата на македонската култура, преку богатата ризница на фолклорот и народните песни ќе прикажам дел од активноста на фолклорната група од Нуса, Квинсленд, Австралија. За таа цел ќе ја користам мојата статија од “Грејп Вајн”-Винова Лоза, публикувана на англиски јазик во врска со свечено одбележаната прослава од 20 годишната плодна активност на “Нуса интернационална фолклорна група” на 10 мај 2014 година.

Свечено прославена 20-та годишнина на “Нуса интернационална фолклорна група” во 2014

Убави беа спомените на повозрасните членови на оваа фолклорна група, кога за време на паузата се потсетувавме на првите години од основањето на групата во 1994 година и активноста до денес. Како илустрација на присутните, ќе ги спомнам пријатните спомени од играњето во оваа фолклорна група на Нуса. Првенствено сеуште е активната Џин, која оваа година ја прослави својата 90-годишнина, потоа Мередит 80, Су 80 години, Ренај 80 години итн. Исто така и другите малку помлади или повозрасни членови како, Ингред, Бети, Хеда, Гај, Бери, Максин, Ана и други.

nusa
О
снивачите на фолклорната група од Нуса (во средина Нина и Јанко) 1998 година

За информативното списание “Грејп Вајн” - Винова лоза

Јас со мојата бивша сопруга Нина, пред 18 години, кога од Перт Западна Австралија се населивме во Нуса, во “Санрајз Биџ”, се зачленивме и станавме редовни фолклористи на оваа група се` до 2000 година, кога се разделивме после успешен 35 годишен брак. Нина се врати во Перт, а јас останав во Нуса. Кога дојдовме во Нуса (1996 година), со себе донесовме еден примерок на фолклорен билтен од фолклорната група од Западна Австралија, која оджуваше настава во општинската сала на “Флореат Парк”, населба близу до “Сити Бич” и “Вембли Даонс” кога живеевме во Перт, а во која игравме неколку месеци пред да се преселиме во Нуса. Во билтенот имаше коментари и свои видувања за фолклорот кој го практикуваа, а и поедини стручни статии со фотографии, исто така во врска со поедини фолклорни ора и танци. Од тогаш, “Нуса интернационална фолклорна група”, месечно го издава  билтенот, кој е всушност списание “Грајп Вајн” (по наше: Винова лоза) и кој број - 19 излезе во мај 2014 година.

Во информативното списание - “Винова лоза”, се публикуваат статии со фотографии од интересни фолклорни настапи на членовите на оваа фолклорна група. Скоро се` поврзано со местата, инструкторите, кореографите, клубовите-групите и прекрасните чувства на фолклорната игра, каде и кога биле посетени, лично или со поедини софолклористи од нашата група. Потоа за лични доживувања околу почестите индивидуални патувања на годишни одмори или повидни празници и викенди, за патувања на членството во преку океанските држави и континенти, како и во австралиските природни убави туристички места и познати места за одмор и рекреација.

Во  списанието “Винова лоза”, постојат неколку рубрики, како на пример датумите и имињата на членовите, за нивниот роденден во месецот што доаѓа; датумите и местата на одржување на прослави и настапи; наставни часови-предавања каде раководат познати фолклорни инструктори-кореографи  од други места од Австралија и други информации. Понекогаш се организираат заеднички посети на прослави или на предавања-ворк шопови, на подалечни места од Нуса. Една од нив е познатата Вутфрд фолклорен  фестивал, близу до Бризбен, кој се одржува по Католички Божик, пред Нова Година. Таму на тој фестивал има поставено десетици шатори и бини, каде се учат и играат 3 дена ора и танци, со повеќе од ијада уцесници кои имаат свои шатори и пликолки.

За разните настапи на “Нуса интернационална фолклорна група” вклучувајќи ги и хуманитарните

Во списанието “Винова лоза”, се забележани и настапите на “Нуса интернационалната фолкорна група”, во театарот на Нуса, каде настапуваа и неколку национални фолклорни групи, емигранти-жители на Австралија од околните источни држави. Во театарот исто така, со нас настапуваше и една  балетска група од Нуса, која остави одличен впечаток заедно со нашата група, а во која јас и поранешната сопруга Нина учествувавме со дваесетина наши соиграчи.

nusa2
Настап
на Дени Макензи со Фолклорната група од Нуса на саем во Калбурча, близу до Бризбен

За одбележување, како дел од историјата на оваа фолклорна група е учество во основањето на “Танцова Асоцијација на сочевиот брег” (“Саншајн Коаст Денс Асосиејшн”) во 2000 година, каде учествуваа: инструкторката –кореограф Дени Макензи од фоклорната група на Нуса; инструкторката по “Лаин денс” (Линеарни танци) Су Бучар од Тивонтин; инструкторката по “Лаин денс” Кери од Нусавил; лидерот-инструктор по “Рокен рол” Џон од Тивонтин; лидерот на “Олд болрум денс” (класични танци) од Тимбирва и авторот на овие редови, како организатор-оснивач на оваа танцова асоцијација. Танцовата асоцијација беше со кус век, но послужи за меѓусебно запознавање, зближување и трајни пријателства на танчерите и фолклористите од тој дел од Квинсланд.

Фолклорната група на Нуса на концерт во РСЛ-Тивонтин 2001 година

Најголем успех Танцовата асоцијација на Саншајн Коаст постигна во 2001 година во популарната сала на РСЛ-Тивонтин, каде се одржа концерт во чест на Денот на жената 8 Март, за прв пат во Квинсланд, а можеби и во Австралија. Јанко Томов беше организатор и водитело на концертот, кој истовремено играше ора и танцови во речиси сите групи што настапуваа. На концертот зедоа учество: “Нуса интернационалната фолклорна група”, големата група на “Рокен Рол” од Тивонтин, неколку “лаин денц” (линеарни танцови) групи со неколку настапи од Тивонтин (покрај групите од тивонтин учествуваше и групата “Лаин денс-Кантри глс” од Нембор. На крај настапи групата на понежниот пол со егзотични –стомачни танци “Бели Данц-Тивонтин – Нуса”. На овој концерт учествуваа најдобрите фолклористи и играорци на постојните групи, пред стотина гледачи и обожаватели на фолклорот. Пријатните доживувања со фолкорот и танцовите игри ги покажаа со драгоцениот за нас громогласен аплауз.

janko-koncert
Јанко Томов на концертот на 8 Март 2001 во РСЛ Тивонтин

nusa3
Фотографии од концертот на 8 Март 2001 и од други активности на “Нуса интернационална фолклорна група”

П р о д о л ж у в а
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.