|
|
Примена на македонскиот фолклор во мултикултурна,мултиетничка Австралија (5 дел) |
Пишува: Јанко ТОМОВ Поради поголема прегледност, за дел од влијанијата на македонската култура, преку богатата ризница на фолклорот и народните песни, ке прикажам дел од активноста на фолклорната група од Нуса, Квинсланд, Австралија. За таа цел ке ја користам мојата статијата од “Греп Вајн”-Винова Лоза, публикувана на Англијски јазик, во врска со свечено одбележаната прослава од 20 годишната плодната активност на “Нуса интернационална фолклорна група” во 10 Мај 2014 година. Моето ангажирање во рекреативните часови на Интернационалната фолклорна група од Нуса, Квинсланд, Австралија и повременото настапување со неа на фолклорни фестивали, фолклорни настапи и прослави, а специјално во првите години, од оснивањето на групата, позитивно влијаеше врз мојот интелект и за зголемување на носталгија , со сеќавање за саканата Македонија. Рекреативното пешачење по крајбрежните стази-патеки на националниот парк на Нуса, кои водат до Источната страна, каде е познатото место наречено “Хелт Гајт” – “Пеколна Порта”, ми го насочуваше погледот преку Пацифичкиот океан, Хаваите, Централна Америка, Атланскиот океан, пеку Шпанија до Република Македонија, каде сум роден во Мај 1938 година, потсетувајки ме за моето детство и за моето емигрирање во Австралија, со мојата 4 члено семејство, од 1970 година. При мојот одмор, од брдското пешачење, седејки на стрмиот брег на националниот Парк на Нуса, до “Пекалната Порта”, гледајки ги групите-семејства на делфини, кои пливаа –селејки се од југот кон северот, а и после временската сезона, кога се повратуваа од Север кон Југ, влијаеја на моето концентрирање на мислите, за мојата патриотска активност во македонското движење во Австралија. Тогаш ги направив концептите за содржините на моите Седум публикувани книги, во периодот од 2000-2008 година и 3-те сеуќте необјавени книги, пишувани претежно со карактер на Македонски човекови права, со факти од антички- историјски карактер и настани и случки, за афирмација и промовирање на македонската националност, пред автралијското општество и пред сеуште недоволно демократскиот свет. Сите мои публикувани дела, кои се промовирани по континентите, се базираат на моите патриотски активности, во постојните Македонски заедници од Перт, Западна Австралија и новите национално политички организации, како ТНМРО, под влијание на ДООМ, Подкомитетот за МЧП на Перт и З.А., АМКЧП, Активност во оснивање и промовирање на Устав и Политичката платформа на ДПМНЕ со Задграничните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ и историјските книги со Антички Македонски факти и посебно Антички факти од Западни автори. Денес мојот дух е присатен на тие простори на Нуса, кои редовно со задоволство ги посетувам, со мојата супруга Маргарет, при посета на фолклорните часови и прослави организирани од фолклорната интернационална група на Дени Макензи. Свечено прославена 20-та годишнина на “Нуса интернационална фолклорна група” во 201418 Мај 2012 во Малени, Квинсланд, Јорго Капорис одржува Фолклорен фестивал, наречен “Македонски фолклорни танци”, со 400 играорци и заедно со музичката група на Линзи Полак, составена од 23 музиканти. Инаку Линзи Пољак пред 30 години отпатувал за Р.Македонија, во село Драчево, близу Скопје, каде останал неколку месеци во домот на познатиот Гајдист Пеце Атанасовски, да учи, како да се прави и свира на Гајда. Од тогаш, Линзи Полак произведуваше свои гајди и ги продаваше, како Македонски гајди во Перт, каде настапуваше со својата група девојки, по Македонските прослави и настапи на панаѓури и маркети, како во познатиот “Фримантел Маркет” и на разнини мултикултурни свечености-фестивали, со свирање на гајда и пеење, претежно Македонски песни. Линзи Полак, во средина пее и свири на кларинет,во придружба на свои 23 музиканти , во Малени, Квинсланд, 2012 година. Јорго и Линзи, заслужуваат посебно внимание за допринос во мултикултурното и мултинационалното општество на Австралија. Тие со настапите на своите фолклорни и музички групи, со разноврсен фолклор и со разноврсните музички инструменти, карактеристични за Балканските и дел од Источно-европските народи, му влеваат драгоцености на народите на мултикултурна Австралија. Јорго и Линзи соработуваат со успех, во последните 18 години, кои 3-4 пати во годината заедно организираат Ворк шопови-настави по фолклор, концерти и фолклорни фестивали, низ Австралија. Уште два збора за Јорго Капорис. Јас пред две години го нареков “Амбасадор на Македонската култура во Австралија”, слично како беше нарекуван, за Америка, мојот покоен брат Георге (1933-2008), кој живееше во Њујорк.Називот “Амбасадор на македонската култура во Америка”, Георге го стекна, со настапи на својот фолклорен ансамбал “ТОМОВ”, составен од 400 активни фолклористи, кои практикуваа во неговото студио во Менкетн во Њујорк. Притоа Георге во Њујорк ја оснива “Фолклорна Танцовна Фондација на Америка”-”Folk Dance Foundation of Amerika”. Со своите инструктори и фолклористи, Георге држеаше Воркшопови и концерти по светот. Десетина пати Георге донесуваше по 50-тина свои љубители на фолклорот, од Њујорк во Охрид и во Дубровник, на дубровачките летни фолкорни игри. Инаку Георге е добитник на многу признанија од Македонија и од Америка. Ѓорги Томов е добитник на ОРДЕНОТ НА ЧЕСТА ОД ЕЛИС ОСТРОВОТ (СТАТУА НА СЛОБОДАТА) за 2005 год, што го доделува Владината организација НЕКО (од Владата на САД). Ова највисоко Општествено признание, за ПРВПАТ е доделено на МАКЕДОНЕЦ за АВЕНТИЧНО ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА. Мегу досегашните добитници на ОРДЕНОТ НА ЧЕСТА, се шест досегашни Претседатели на САД, како и извесен број познати американски државјани, меѓу кои: Џими Картер, Џорџ Буш, Роналд Реган, Бил Клинтон, Хилари Клинтон, Мохамед Али, Боб Хоуп, Френк Синатра и други, а меѓу нив и Ѓорги Томов. Ансамбал “ТОМОВ” во Њујорк 60-8о-те години Конекцијата на Јорго Капорис и Георге Томов е уште од 1993 година, кога Георге ги посети Мелбурн, Сиднеј и Перт, каде одржа Воркшопови-предавање и обучување на Балкански-Македонски ора и танци. Од тие деноиви, Јорго со одушевување ги пренесува научените ора и танци од Георге, заедно со орате и песните од својата мајка Македонка од Лерин и секогаш го спомнува неговото значење за промоција на фолклорните ора и танци во светот. Јорго како и Георге ја поседуваат стучноста, на фолклорните ора и танци во совршенство и соодветно ја пренесуваат на постојните и на новите генерации фолклорни инструктори и кореографи во Австралија. Тоа се чувствува и пренесува по скоро сите постојни фолклорни групи во Австралија, кои ја ценат стручноста на Георге и на Јорго, а во корист на надградувањето на мултикултуризмот на австралијското општество. Фолклорните танци и ора тредизвикуваат восхит со задоволство, од страна на членството на фолклорната група на Нуса. Тоа пак влијае врз голем број на члентвото да ги посетуваат народите од прекуокеанските држави, од каде доаѓаат танците , ората и народните песни, а тие се како што рековме од Балканот и Блискиот Исток. Синџирот на Види- почуствувај-научи и пренеси, се почесто се применува од страна на нашето членство. Воспоставени се традиционални патувања преку океаните, од страна на дел од членството, индивуидуално или во групи. Преку фоилклорните игри и Воркшоповите кои ги посетуваат, нашите фолклористи стекнуваат познанства со други играорци и ја збогатуваат сопствената фолклорна култура. Покрај тоа стекнуваат потребни сознанија за за начинот на животот на тие народи, вклучувајки го нивниот јазик, историја, традиции, култура и сл., што е една од големите духовни богатства на секој човек. Надградување со богатство, во што спаѓа и осознавувањето на културата на другите народи, со кои имаме секојдневно допири, во нашиот живот во Австралија. Македонски фолклорни групи по македонските општини во Австралија, се многубројни и составени претежно од помладата генерација, на деца и младинци, во кои групи, освен Македонци почнуваат да учествуваат и од други националности. Овие Македонски групи учествуваат на засебни концерти или прослави, како на јавни дефилеја и поворки на мултикултурни и мултиетнички настапи, преставувајки ги македонските заедници, исто така и на разни свечености во Австралија, Америка и Европа, во што се разликуваат од фолклорните групи за рекреација, составени од возрасни фолклористи, за кое зборувавме. Дени Макензи и Јанко и Маргарет Томов, на едни од прославите во Нуса-Тимбирва, Квинсланд, Австралија |