|
|
| Илија Христодулов, нов претседател на Заедницата на Македонците во Република Хрватска |
|
Досегашниот претседател на ЗМРХ, Орце Ламбевски поднесе неотповиклива оставка поради значително зголемени работни обврски на приватен план На 17 мај 2014 година во просториите на МКД „Илинден“ во Риека се одржа Редовното Собрание на Заедницата на Македонците во РХ, на кое присуствуваа и ценетите гости амбасадорката на РМ во РХ, Даниела Караѓозоска и заменикот на претседателот на Координацијата на советите и претставниците на МНМ во РХ, Михаило Давчевски. Собранието го отвори претседателот на Заедницата Орце Ламбевски, кој со пригоден говор ги поздрави присутните и ѝ даде збор на амбасадорката. Таа се заблагодари на поканата и изрази жалење што Орце Ламбевски дава неотповиклива оставка на функцијата претседател на Заедницата, упатувајќи му благодарност за доброто вршење на функцијата и одличната соработка со Амбасадата на РМ во РХ, а на присутните им посака успешна и конструктивна работа на седницата. Потоа претседателот Ламбевски го прочита поздравното писмо упатено од свештеникот на МПЦ во РХ, протојереј Кирко Велински, кој беше спречен да присуствува на Собранието. |


























