|
|
Македонците повторно доминираа |
Во Сиднеј се одржа традиционалната годишна вечера, што ја организира Федерацијата на етничките училишта во Нов Јужен Велс. На вечрaта присуствуваа гости, претставници на 39 јазици. Гости беа Премиерот на Нов Јужен Велс Господинот Мајк Баирд, Г-от Стефан Романо, претседател на Националната Федерација на јазици за Австралија, Министерот Виктор Доминелo, конзули на различни држави и други гости, родители, ученици, пријатели... Присутните ги поздрави Господинот Алберт Вела, претседател на Федерацијата. Големата Награда за совршеност во негувањето и зачувувањето на мајчиниот јазик во НЈВ и` беше доделена на Госпоѓа Жаклина Михајлова, која неуморно работи за промоција и одржување на македонскиот јазик во Австралија. Наградата на Госпоѓа Михајлова и ја врачи Премиерот на НЈВ, Господинот Мајк Беард. Ова е највисокото признание за јазици на заедницата што се доделува во НЈВ. Специајлна Пофалба за долгогодишна работа во Етничките училишта доби и Јорде Блажевски. Вечерта беа доделени Наградите за наградниот конкурс за краток филм на мајчин јазик, како и награди за најдобри цртежи на тема АНЗАК. Инаку, вечерта, најприсутни меѓу гостите беа Македонците. Едноставно, доминираа. Изучувањето на мајчиниот јазик е корисна и света работа, затоа треба сите родители да ги праќаат своте деца на часови по македонски јазик. Македонска нација
|