Среда, 16 Јули 2014   
Сензација во Република Македонија

senzacija-vo-rm-1

Австралиско македонскиот театар од Сиднеј од 4 до 14 јуни со драмата „Борење со мечка“ настапи во градовите Скопје, Велес, Штип, Струмица, Прилеп, Битола и Охрид и истата беше гледана од повеќе од 1600 луѓе. Сите телевизиските канали во споменатите градови ги следеа претставите при што следуваа репортажи и оценки за значењето и улогата што ја има оваа театарска група во Австралија и пошироко. Социјалната мрежа беше преполна со фотографии и изјави на видни културни дејци кои дадоа високи критички осврти за драмата и артистите. Турнејата беше организирана од Агенцијата за иселеништво, а главен покровител беше Macedon Travel од Сиднеј.

Пред самата турнеја театарот беше гостин кај директорот на Агенцијата за иселеништво Васил Наумов, при што се организира и прес конференција за турнејата и улогата на театарот што ја завзема во зачувување на македонскуиот јазик и култура.

senzacija-vo-rm-2

Турнејата започна во Скопје, на 4-ти јуни, во Драмскиот театар каде приемот беше фантастичен. Меѓу гостите присуствуваше и легендарната Виолета Томовска, новинарката Фиданка Танаскова, артистот Ванчо Петрушески, поетесата Марина Мијаковска и други видни личности од Скопје како и директорот на Драмски, Роберт Вељановски.

Приемот во Велес, родниот град на Ирена и Сашко Вељанови, беше возбудлив каде директорот и актер Јордан Витанов направи да се чувствуваме како дома. Театарот беше до последно место полн и се јави барање за втора претстава но следниот ден требаше да се настапува во Штип.

senzacija-vo-rm-3

Штипјани се покажаа како најгостопримливи. После претставата, директорот на театарот „АцоШопов“, поетот и драмски критичар Трајче Кацаров со Биљана Костова од Агенцијата за иселеништво ни приредија вечера, а Штип вриеше од гости, истата вечер беше финалната вечер на Макфест, но тоа не ги спречи Штипјани да уживаат во нашата претстава. Следниот ден по покана на драмскиот уметник и писател Доне Донев од Кочани на кафе и чај отидовме покрај езерото во Градче. Времето беше кратко но Доне успеа да ни долови со неговиот патриотски дух и да ни го опише ликот на Ченто што го игра во неговата најнова монодрама. За ручек бевме поканети во домот на најславниот Штипјанец, историчарот и нашиот драг пријател Александар Донски кој со својата сопруга Загорка успеа да не смести во неговиот прекрасен стан и да ни го сервира штипскиот специјалитет Пастрмајлија. Тука се сретнавме и со професорката Марија Кукубајска со која разменивме книги и трајни контакти.

Пред настапот во Струмица, градот на најславниот македонски поет Никола Маџиров, театарската група го посети манастирот Воведение на Пресвета Богородица Елеуса, кој се чини ги заштитува Струмичани и струмичките полиња. Средбите со директорот Драган Маџиров, драмскиот писател Митко Бојаџиски, поетот – новинар Ѓорги Калајџиев, фотографот Среќко Гунчев беа незаборавни.

senzacija-vo-rm-4

Во Прилеп, учеството на 49-тиот театарски фестивал „ВојданЧернодрински“ беше највозбудлив настап. Се настапи во 24 часот но времето за прилепчани не прави разлика, за време на фестивалот не се спие, се слави и се гледаат прекрасни претстави. Средбата како и секогаш со уметничкиот директор на фестивалот Петре Темелковски и неуморниот секретар Стојан Дамчески само дава мотивација да се негува македонскиот исконски јазик и култура. Средбите секогаш се возбудливи со легендарните лица во театарот, Братислав Димитров, Васе Манчев, Мустафа Јашар, Валентин Светозарев...

Во Битола домаќини ни беа Центарот за култура и директорот Борче Димитровски со Љупка и Валентин, а вечерта претставата официјално ја отвори новиот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Австралија Г-дин Васко Наумовски кој беше присутен со неговата сопруга. Битолчани како и секогаш се покажаа дека се големи љубители на театарот и оваа престава беше најпосетена покрај тоа што Широк сокак во лето секогаш е во фестивалски џагор.

Во Охрид енергичната директорка на Културниот центар „Григор Прличев“, Драгана Боцеска, покажа дека е вистински двигател на културниот живот во Охрид, градот под Самоиловата тврдина и поетскиот гениј Григор Прличев. Средбата со Професорот Стојан Ристески, поетот Пере Ристески и новинарите Милчо Јованоски и Томче Џамтоски беше исполнета со желба повторно да се дојде во прекрасниот Охрид и настап во античкиот театар за време на Охридско лето.

Ова е втора турнеја во Република Македонија на овој Театар кој за последните седум години од своето постоење има ставено на сцена шест оргинални-автентични претстави за кои во Австралија е и наградуван.

Душан Ристевски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.