Среда, 30 Јули 2014   
Републиката се` поблиску до македонското иселеништво, преку проектот „Македонија памти“

Пишува: Јанко ТОМОВ

Во организација на Агенцијата за иселеништво на Македонија, на Петтата годишна конференција на Македонските организации од дијаспората, која се одржа во Скопје, во просториите на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, од 23-24 јули 2014 година, најмногу присуствувале претставници од организациите од дијаспората 115, од 143 иселенички организации, кои претставувале 250.000 иселеници од Македонија, од Европа, Канада, САД и Австралија. Исто така и 20-тина гости, меѓу кои и претставници од македонските организации од македонското малцинство од соседните држави на Р.М.

makedonija-pamti-1

Директорот на Агенцијата за иселеништво на Македонија, Васил Наумов, ги поздравил гостите –делегати и присутните од поедини институции на владата на Р.М. и министерства, заблагодарувајќи им се за големиот одзив и учество на конференцијата.

Петтата годишна конференција ја отворил претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељановски, кој изразил уверување дека во иднина ќе има поголем развој, на се` што е македонско во дијаспората и во тој континуитет треба да се прошири соработката со нови содржини. Г-динот Вељановски рекол: „Нашите иселеници биле и ќе бидат значајни компоненти во развојот на нашата земја во целина и грижата за тоа треба да биде постојана“.

На конференцијата се обратил и Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, кој најавил стипендии за малдите македонски ученици – студенти од дијаспората.

Според известувањето од Агенцијата за иселеништво: „На конференцијата се обратија и пратениците од дијаспората во Собранието на Република Македонија – Ристо Манчев (Европа и Африка), Павле Саздов (Северна и Јужна Америка) и Васко Наумовски (Австралија и Нов Зеланд), на кои претставниците на иселеничките организации им поставуваа прашања за своите потреби и барања на кои пратениците им даваа одговори насоки и објаснувања“.

По одредените теми – дневен ред на Петтата конференција, како за пензиско и инвалидно осигурување во Македонија и правата на иселеништвото, македонското државјанство и избирачкото право на иселениците, преставници од повеќе министерства на Р.М. одговарале на прашањата од присутните претставници на дијаспората.

За прв пат ВМРО-ДПМНЕ во коалиција со ДУИ, кои ја водат актуелната влада на Република Македонија организираа Комисија за доделување на награди за посебна активност за афирмација на Република Македонија, од страна на Македонски организации и поединци од иселеништвото. Комисијата наречена “Македонија памти”, всушност е раководена од кабинетот на Претседателот на Република Македонија, која ги обработува номинациите-предлозите за награди за дијаспората, кои Акенцијата за иселеништво на Македонија, добиени од дијаспората и ги доставува, како посредник со македонските организации од дијаспора.

makedonija-pamti-2

На свечаноста, на крајот од Петтата годишна конференција, претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов ги додели наградите, Одликувања и признанија за 2014 година за македонските организации од дијаспората и тоа на :

„Хуманитарна организација Надеж - Мелбурн, Австралија,
Добротворна организација Св. Архангел Гаврил – Нов Јужен Велс, Австралија,
Македонска добротворна организација МЦЊА - Викторија, Австралија,
Македонска општина од Западна Австралија,
Македонско друштво Илинден, Хановер, Германија,
Заедница на Македонците во Република Хрватска,
Весникот Македонија од Торонто, Канада,
Радио Вардарски Бранови – Канада,
Радио Програма Обединета Македонија, Торонто, Канада,
Македонски комитет за човекови права од Њу Џерси, САД“.

Претседателот д-р Ѓорге Иванов, ги додели и медалите за заслуги за Македонија, на следните поединци-иселеници:

„Андон Дончевски, иселеник во Австралија,
Владимир Стрезов, иселеник во Австралија,
Зоран Костадинов, иселеник во Швајцарија,
Ердован Етоски, иселеник во Швајцарија,
Спасо Божинов, иселеник во Германија,
Омер Калеши иселеник во Франција,
Ристо Стефов, иселеник во Канада,
Борис Папучкоски, иселеник во САД“.

Интересно е да се спомне дека голем број претставници од Европските, Австралиските и Канадските Македонски организации и поединци учествувале на Петтата кионференција, додека единствен преставник од САД, бил претседателот на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Стојановски од Детроид. Немаше ниту еден претставник на ОМД од Вашингтон, САД?

Се разбира, кога има многу материјали на конференцијата, а времето од два дена не  е доволно за постручно и потемелно презентирање на одредени актуелни теми, се случи и на оваа Петта конференција, да некои актуелни посодржајни доставени теми не бидат застапени! Се однесува за темата, како што беше објавена за 3 –та точка од дневниот ред, за гласање на иселениците, која е доставена до Агенцијата за иселеништрво на 21 јуни 2014 година: Потребен е закон за застапеност на македонската дијаспора  во изборниот процес, изработен предлог од Јанко Томов, Бризбен, Австралија. Овој напис во консултација и соработка со претставникот на Македонскиот Младински Светски Конгрес, Гоце Дуртаноски, кој требаше да го изложи пред учесниците на конференцијата, беше изоставен од дискусија, а исто така немаше потврда за прием од страна на Агенцијата, најверојатно поради летните одмори! Исто и за други предлози, како за звањата за доделување на признанија и награди до комисијата при кабинетот на Претседателот на републиката, преку агенцијата, немаше одговор за авторот кој вложил доста време. Се надевам дека во идните Годишни конференции, а и при поблиска соработка со преставници од дијаспората, ќе се запазат добронамерните сугестии на Македонски организации и поединци за доброто на Македонската кауза и за зајакнување на драгоцените контакти и соработка на Македонското иселеништво со владините институции на Република Македонија.

Многу од видните лидери на македонските национални и пред се` политички организации од дијаспората, како и од организациите за Македонски човекови права, кои го дале својот максимален придонес за Македонското движење во дијаспората, а кое движење е насочено за опстанок и прогрес на Македонците и на суверена Република Македонија, кои денес се покојни, на чело со основачот на ВМРО-ДПМНЕ, треба на наредните национални и државни свечености на Република Македонија, посхумано јавно и пригодно да бидат наградени за своите заслуги за Македонија. Ние во дијаспората ги имаме обележано нивните заслуги, само е потребна соработка и разбирање со вас од републиката. 

За почеток, Петтата годишна конференција беше многу поуспешна од останатите досегашни конференции, за што македонските патриоти ви благодарат и срдечно ве поздравуваат вас организаторите и домаќините, за срдечните средби и гостопримсво, дискусии и договори во нашата родна, суверена РепубликаМакедонија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.