|
|
Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (8 дел) |
(од фалсификати до коректно презентирање) Пишува: Јанко ТОМОВ Пишувања во врска со историјата "Во меѓувреме во Теба се случија некои настани.Некои личности со намера да ја соборат власта повикаа одреден број политички емгранти да се вратат назад. Овие луѓе влегоа во градот ноќно време, при што ги заробија и ги убија Аминта и Тимолај (Македонци - претставници на македонската власт во Теба, з. м.)... Потоа тие се претставија себеси на Советот и ги повикаа Тебанците на востание против Александар. Користејќи ги умешно старите добри зборови "слобода" и "автономија" тие ги повикаа Тебанците на отфрлување на товарот на македонскиот јарем". Да го кажеме и тоа дека Гркот Аријан, иако живеел на крајот првиот и во вториот век по Христа, своите записи за Александар Македонски ги создал врз основа на постари записи, направени од современици на Александар Македонски, кои денес не се сочувани. Во продолжение Аријан пишува дека и Атињаните посакале да се приклучат на Тебанците, а овде секако дека биле и споменатите Лакадемонци (Спартанци). Но, Александар жестоко го задушил востанието на Тебанците, што било поука и за сите останати Грци. Теба била срушена до темел, а мнозина од востаниците и од нејзините жители биле убиени. Се смета дека биле убиени околу шест илјади Грци-Тебанци. Омразата на мнозинството Грци кон нивниот окупатор Македонија доаѓала до израз и во многу други прилики. Така, на пример, Александар Македонски се биел против Грци во првата посериозна битка против Персија, позната како битката кај Граник. Во оваа битка Александар заробил околу 2000 Грци, кои се бореле на стра-ната на Персија. Можеби поради сето ова, во ударните единици на Македонската војска, т.е. во познатата Македонска фаланга, никогаш ниту еден Грк не бил поставен како заповедник. Ќе наведеме уште едно фундаментално сведошто за тоа колку Грците и Македонците се сакале во тие времиња. Имено, по расчистувањето на односите до грчките градови на територијата на денешна Грција, Александар Македонски навлегол во Азија, т.е. на територијата на тогашна Персија. На тогашниот западен брег на Персија (денешниот западен брег на Турција што излегува на Егејско Море), тогаш имало поголем број грчки градови, кои биле окупирани од Персија. Населението во овие градови било грчко, па според тоа, кога Александар навлегол во Персија, ова население би требало да го дочека како свој ослободител од персиското ропство. Дури и самиот Александар верувал дека Грците од овие градови ќе се радуваат на неговото доаѓање, затоа што не само што ќе ги ослободи од Персија, туку и ќе им го врати хеленскиот дух и повторно ќе ги спои со останатите грчки градови, од кои, насилно биле одделени. Но,не само што не се случило тоа, туку и се случило сосема спротив-ното. Грчките градови во Мала Азија го дочекале Александар како нов поробител поради што му се спротивставиле со сите свои сили! Најжесток отпор на Македонците им пружил градот Милет. За карактерот на овој град, за неговото спротивставување на Македонците и за вчудовиденоста на Александар македонски од ваквата постапка на Грците од Милет, Артур Вајгал (цит. дело, стр. 182), пишува: "Милет бил еден од главните центри на јонските Грци, неговата цивилизација била грчка, неговиот заповедник бил Грк од Грција. Оваа личност во првиот момент покажала желба да се спогоди со Александар, но подоцна, решила да му остане лојална на својот вазален господар Дариј... Тие немале желба да добијат така-наречена слобода". И понатаму: "Александар престанал да се однесува како грчки ослободител и ја презел поумната улога на македонски освојувач". Но, Милет не бил единствениот малоазиски грчки град што пружил отпор на Македонците. Ист таков отпор пружил и грчкиот малоазиски град Халикарнас. Главен бранител на овој град бил Гркот Мемнон, кој претходно се борел против Александар Македонски и во битката кај реката Граник, на страната на Персија. Мемнон дури испратил и писмо до Дариј, велејќи му дека ќе остане до смрт верен на Персија, а воедно примил и тајна помош од Атина. Но, по жестока борба, Македонците го освоиле и овој град, а Мемнон избегал, но подоцна умрел во Метилена од болест. Неговата жена Барсина подоцна му станала жена на Александар Македонски.
|