Среда, 13 Август 2014   
Кон промоцијата на “Вечна светлина над Македонија” на 2 Август- Илинден, 2014 во Мелбурн (2 дел)

vecna-svetlina-nad-makedonija-1

Јанко ТОМОВ, промотор на книгата

Продолжување на освртот кон книгата: Вечна светлина над Македонија, од авторката Гордана Димовска.

Книгата е публикувана во Битола, Република Македонија, 2014 година, од “Љубители на литература, култура и наука –Св. “Висарион”, ISBN 978-608-4545-36-1 и COBISS.МК-ID95410442, а промовирана во Шелдон Рецепција, Мелбурн, Австралија, на 2 Август-Илинден.

vecna-svetlina-nad-makedonija-2

Во Глава Втора, Гордана дава ОСВРТ КОН ЛЕГЕНДАТА “Љубовната одисеја на Александар Македонски и Бела Ица” која е напишана од нејзе и од Ванѓелко Лозаноски. Оваа легенда за љубовната врска на Александар Трети Македонски и Македонската убавица , од пределите на Кичево, младата убавица Ица, е еден од доказите дека царот Александар покрај војничките борбени квалитети, поседувал и изразити чувства кон понежниот пол од својот сој. На 19 -20 стр, стои објаснување на таа книга на англиски јазик со фотокопии од насловната и задна страница.

Во Третата глава, се насловите каде Гордана пишува за поедини историски патриотски настани, со високи национални вредности, третирајки го македонскиот јазик, како симбол на македонската битност, каде ги спомнува поедини светски научници што ја откриваат македонската вистина. Потоа пишува за античкиот македонски јазик, за поедин Македонски антички кралеви и слично. Дела со високи национални вредности-Македонски код исконско и вредно од памтивек до денес во Македонија.

Овде Гордана забележува, дека народната песна е една од најценетите наследства кои ги поседуваат Македонците, тоа го потврдил и рекол Јосиф Чешмеџиев уште во 1926 година.

Според Гордана постојат три важни области кои ја граделе човековата цивилизација во Македонија, од античко време до денес: НАРОДНАТА ТРАДИЦИЈА, РЕЛИГИЈАТА И КУЛТУРАТА. Тоа се запазува изразито, да додадам, од свои сознанија, во сите кралски и царски дворови ,на македонските владатели од антиката кои се изрушени од непријателите, како што била Римската империја и од временски непогоди.

Од осамостојувањето до денес, за релативно кратко време, македонската археологија ги открива и класифицира, по периоди и по владеење на македонски кралеви, темелите на овие Македонски царски, кралски, културни, образовни, медицински, верски, спортски и други слични македонски антички институции, на објекти и терни. Со што фактички и материјално ја потврдуваат скриената и обесправена, од непријателот, вистината за македонците и за Македонија. Така, помогнато од актуелната влада на Република Македонија, раководена од ВМРО-ДПМНЕ, македонските историчари и археолози, ГО СОСТАВУВААТ РАСКРШЕНИОТ МОЗАИК НА МАКЕДОНСКОТО ПОСТОЕЊЕ ВО АНТИКАТА, кој преставува со непобитни факти, за македонската битност од антика до денес.

Гаеќи ги своите национални традиционални карактеристики, Македонците кои се стекнале со образованија во соседните земји, тогаш штотуку ослободени од Отоманското ропство, лесно и со успех, ги препознавале своите поетски, музички и играорни дарби, вели Гордана. Тоа е доказ дека во тие времиња почнуваат поцелосно да се публикуваат статии и книги, од тие образовни Македонци, полни со основите на македонскиот јазик, со својата граматика, историјски показатели и слични традиционални карактеристики, кои денес се значајно усовршени и се применуваат во современот живот на македонците, во светот и во Македонија. Со тоа духот на народот доаѓа до израз, преку создавањето на ПРИКАЗНИ, ЛЕГЕНДИ, МИТОВИ, ГАТАНКИ,НАРОДНИ ПЕСНИ, МУДРОСТИ, ПОСЛОВИЦИ и сл., кои денес не потсетуваат на нашето славно минато.

За да ѕирнеме во македонското минато, треба да ги прелистаме првите Македонски мислители и писатели. Притоа Гордана ги спомнува браќата Миладиновци, со нивниот Зборник кој имал 104 гатанки. Потоа мудроста на Итар Пејо, кој е полн со мудрости , преку гатанките.

Народните песни се карактеристични, за животот на Македонците, во климатските услови кои опфаќаат и делови на културните манири и традиционални обележја.

Како посебни носии, до свадбени обичаи, посебни носии за ора и танци, кои со убави плетенки и фризури со китки накитени коси на Македонките, го откриваат заедничкиот карактер, вредноста и способноста, на вредната рака на Македонката, како и лојалноста кон продолжување на традиционалните македонски обележја.

На фотографиите , во овој дел на книгата на Гордана се прикажани делови на македонските носии, а посебно внимание ми претставува фотографијата со македонска дијадема или огртач, која обично ја носеле македонските владетели, на сечености. Да додадам дека на годишните свечености во Македонија, во античкиот период е евидентирано дека Македонските кралски и царски облеки и оружја, со своите војни обележја, биле носени на раце и со запрежни возила , во почетокот на пролетта, свеченост позната под името КСАНТИКА.

П р о д о л ж у в а

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.