|
|
ТЕАТАРОТ ОД СИДНЕЈ ГИ РАСПЛАКА И НАСМЕА МАКЕДОНЦИТЕ |
Турнеја во Мелбурн и Џилонг Австралиско македонскиот театар од Сиднеј со познатата престава „Борење со мечка“ од Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу, престојуваше во Мелбурн, и тоа на 30 август, во Престон, се дадоа две престави и една во недела, на 31 август, во Џилонг. На преставата во Престон престојуваше и македонскиот конзул Бети Коруновска со својот сопруг. Присутните беа воодушевени од професионалниот настап на глумците (Васко, Ирена, Никола, Валентина, Стефани, Јаворка, Самоил, Владо) кои преку карактерите дадоа една реална слика за две македонски семејства кои се борат со најтешката болест во својот живот. Со изведбата во Џилонг се најави симнување од својот репертоар на ова престава која инаку беше изведена 22 пати од кои три изведби беа дадени на англиски јазик за пошироката австралиска публика. Пред самата престава во Џилонг, Др Ирена Вељанова ги престави двете наградени книги на поетите Иван Трпоски и Душан Ристевски. Инаку овие автори исто така беа преставени на 29 август на средбата со членовите на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ во Фудбалскиот клуб Престон-Македонија во Мелбурн. Најголем поткрепител за одржување на овие престави ги даде Macedonian Community Welfare Association од Мелбурн и нивниот персонал предводен од Диана Стерјовска како и Игор Павловски од весникот Today - Денес. Македонскиот театар од Сиднеј најавува нова престава за ноември оваа година под име „The Fence - Ограда“ а за почетокот на идната година на сцена ќе ја постават комедијата „Др Жими мајка“, двете од драматургот Душан Ристевски. Иван Трпоски Фото: Конзулката Бети Коруновска со дел од членовите на Театарот од Сиднеј |