|
|
Во кругот на блиски пријатели прославен 80-ти роденден на Бранислав Мусовски |
Минатиот петок, 12 септември, во Литературното друштво „Григор Прличев“ на долгогодишниот член и општественик Бранислав Мусовски, во кругот на своите блиски пријатели му се прослави 80-от роденден. Возбуден од овој настан, Бранислав кратко се осврна на својот живот и активност во Австралија каде што е присутен веќе половина век. Потекнува од Буково, се ожени со Добрила од Ѓавато, добија син и ќерка од кои имаат пет внуци. Покрај неговата доброволна работа во македонската заедница, за што и бил повеќе пати наградуван, посебно во работата на Литературното друштво „Григор Прличев“, Австралиско македонскиот театар од Сиднеј, Македонско австралиското добротворно друштво и други асоцијации тој бил активно вклучен и во работата на St. George Migrant Resource Centre, Australian Blind Society и Ethnic Communities Council of NSW. Добитник е на повеќе признанија и награди меѓу кои и државната награда за Волантерска (доброволна) работа од владата на Нов Јужен Велс. Честит нека му е роденденот со желба годините да му се множат и да го служи добро здравјето. Душан Ристевски |