Среда, 01 Октомври 2014   
Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (15 дел)

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со историјата

И за генералот на Александар Македонски по име Селевк, во оваа книга пишува дека бил "грчки генерал". Овде читаме:

 "Во 305 година пред Христа, Селевк Никатор, грчки генерал, кој после смртта на Александар  ставил под своја контрола значаен дел од Азија..." ("Ин 305 БЦ, Селеуцус Ницатор, (  "("In 305 BC, Seleucus Nicator, the Greek general who, after Alexanders' death had won control of much of Western Asia”)

Меѓутоа за Селевк се знае дека бил чист Македонец. Најголем доказ за ова е самата негова должност на еден од најблиските воени команданти на Александар, за кого се знае дека на највисоките и наодговорни воени функции, поставувал исклучиво Македонци.

За македонското етничко потекло на Селевкидите, во ЦД енциклопедијата Енкарта  (наслов: Microsoft Encarta, Seleucids), читаме:

 "Селевкидите биле династија македонски кралеви, кои владееле со Средниот Исток од 4 до 1 век пред Христа. Оваа династија била воспоставена откако империјата на Александар Македонски била поделена помеѓу неговите наследници. Кралството на Селевкидите се протегало на исток до Мала Азија, па сe до денешен Пакистан. Најзначајни кралеви од династијата Селевкиди биле: Селевк Први (владеел 312-280 пред Христа), Антиох Први (владеел 280-261 пред Христа); Антиох Втори (владеел 261-247); Селевк Втори (вла-деел 247-226 пред Христа); Антиох Трети (владеел 223-187 пред Христа) и Антиох Четврти (владеел 175-163 пред Христа)".

 Значи основач на оваа династија бил македонскиот генерал Селевк Први  Во неговата биографија во Encarta ( наслов Seleucus I ), читаме:

 "Селевк Први крал на Сирија (301-280). Како основач на династијата Селевкиди, тој бил македонски генерал, кој му служел на Александар Македонски".

Во 323 година пред Христа Селевк Први бил поставен за сатрап на Вавилон. Во 312 година пред Христа тој се прогласил за крал на Вавилон, а во 302 година војувал против кралот на Македонија Антигон Први. Себеси  прогласил и за "крал на Македонија", но тогаш бил убиен.

Се смета дека негова голема желба и цел му била преку територијални освојувања полека да се доближи и до родната Македонија за да може пак да ја стави под една власт територијата на целата империја од времето на Александар Македонски. Во врска со ова, во неговата биографија (Енкарта, цит. дело) читаме:

"За време на своето владеење тој се прогласил и за крал на Македонија, но ненадејно бил убиен од атентат".

Селевк Први го основал познатиот град Антиохија, а изградил уште неколку градови на кои им го ставил името  Селевкија. Во сите овие градови биле населени значителен број Македонци. Бил оженет со Апама и од тој брак му се родил синот Антиох, кому му го ставил името според името на својот татко (традиција што до денес постои меѓу Македонците).

Македонското етничко потекло на Птолемеите и на Селевкидите е спомнато и во Библијата. Во старозаветната Прва книга на Макавеите (1-3), опишана е македонската окупација на Светата земја од страна на Александар Македонски. Притоа е спомнато дека неговите наследници Македонци продолжиле да владеат со Светата земја и по неговата смрт. Од не сосема јасни причини, Македонија овде е наречена со името Китим, иако за Александар Македонски јасно пишува дека бил Македонец. Овде читаме:

 "Александар Македонецот, синот Филипов, кој тогаш веќе беше господар на Грција, се појави од земјата Китим и го победи Дарие, кралот персиски и медиски, по што зацарува место него. Поведе многу војни, завзеде многу тврдини и отепа кралеви на многу земји. Дојде и до крајот на светот и заплени многу народи... Конечно, падна во постела и  сфати дека ќе умре (Прва Мак. 6)... Така, откако царуваше дванаесет години, Александар умре. А, неговите должници ја презедоа власта, секој на своето подрачје. Сите тие, по неговата смрт си ставија круни, а по нив тоа го сторија и нивните синови (Прва Мак. 8-9).Од нив дојде и грешното колено на Антиох Епифан, синот на крал Антиох, кој беше заложен во Рим" (Прва Мак. 10).

 П р о д о л ж у в а

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.