Среда, 15 Октомври 2014   
Прашајте паталец, не гаталец

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Дали вреди Македонецот да се надева на подобра иднина со одење на привремена печалба, која секогаш завршува како перманентна и од која враќање нема ? Па дури и Александар Македонски отиде привремено да ја покори туѓината и не се врати во своја Македонија!!!

Многу пријатели, стари и нови, ме прашуваат како е во Австралија, дали има шанси да дојдат и да се населат, па дури споредби и фалби на некои авантуристи кои дошле и се снашле некако или многу убаво.

Тема што секогаш предизвикува и бара голема реалност и потенцирање на вистината. Без неа, нели вистината, ќе се излажеме самите себе, читателите и се разбира целата јавност. Доколку згрешиме без никаква лоша намера, се надеваме дека ќе ни биде пола простено.

Дочекот во туѓина не е ни малку препорачлив. Нема стан или куќа на располагање, туку плаќање кирија каде ќе бидеш сместен со било кој што ќе ја дели киријата со тебе. Со фамилија да дојдеш и да плаќаш кирија тоа е научна фантазија, дури и да почнеш со работа. Треба 6 неделни да плати гаранција и внатре ништо, празни ѕидови само. Повеќе од половината плата ќе оди за киријата. Ако работи жената и ако имаш едно или повеќе деца, ќе летнат пари за градинки. Превозот е скап колку и времето да отидеш до таа работа... ќе станеш во 6 наутро, додека да отидеш на работа заради оддалеченост (ниедна работа не е во близина, напротив, среќа е да најдеш на 50 км одалеченост) во 9 да дојдеш и да р`мбаш до 5, па додека дојдеш дома 8 навечер.

Така да кога ќе влезеш во шема на прекувремено печалење и работа, тогаш ќе заплачеш за родна Македонија и ќе сакаш да се вратиш назад, ама се` си ризикувал и ни таму си, ни ваму. Ни на небо ни на земја.

Па кога ќе дознаеш дека од секој твој долар и пот, државата ќарува, многу бирократи земаат провизија од секоја капка млеко, вода и дека опозиција како во Македонија платена од Сорос да те убедува дека црното е бело, не постои... Е тогаш братко мој, ти ќе станеш патриот и пол и сите твои другари симпатизери на џаболебарите, ќе ти се смеат и ќе ти речат дека си се мрднал во туѓина и дека само дома си е дома.

Тогаш ти, како јас и сите Македонци во дијаспората, де ќе ја чукнеш главата и ќе си речеш: Што направив? Таму имав се`, освен стабилна работа, само требаше цврсто и непоколебливо да се борам јас и сите за правда и подобар критериум, да бидев повеќе самокритичен и да верував во себе. Ние се излажавме и дебело го наплаќаме овој кикс и желба за поубав живот... На вас е да не ја направите таа моја грешка и на Александар Македонски... На крај да останаме без тоа од кај што се родивме, да не бидеме погребани таму. Морници проаѓаат секојдневно од таа помисла.

Туѓината е препорачлива за голема фамилија од 4 деца најмалку, каде едно дете ќе се жртвува и ќе работи само за привремено и во дадена ситуација.

Не за секогаш.

Прашајте паталец, не гаталец.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.