|
|
Во Хомбуш (Сиднеј) се одржа годишниот симпозиум за иновации во здравството |
На 31 октомври, во олимпиското село во Хомбуш (Сиднеј) се одржа годишниот симпозиум за иновации во здравството на кој зедоа учество повеќе од 1000 посетители, воглавно лекари и здравствени работници и директори на здравствени служби. Исто така присуствуваше и министерката за здравство Jillian Skinner. Како дел од едно предавање наменето за нов приод за здравствена едукација беше земено и прикажувањето на драмата „Борење со мечка“ од Душан Ристевски во изведба на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј. Во излагањето се пренесе дека оваа драма успешно се има прикажано во државите Нов Јужен Велс и Викторија (Австралија) како и во Македонија. Една сцена од оваа драма се изведе на симпозиумот од артистите : Васко Србиновски, Валери Пеовска, Ирена Вељанова и Јаворка Котевска. Иван Трпоски |