Среда, 03 Декември 2014   
Доделена награда за поезија на Ленче Клекачкоска

На 28-ми ноември, во просториите од Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ во Сиднеј се одржа пригодна свеченост на која и беше доделена награда на поетесата Ленче Клекачкоска од минатогодишниот наградниот конкурс за поезија и проза. На Ленче жирито и ја додели Втората Прличева награда за песната „Наташа“ – посветена на нејзината покојна внука. Поради обврски и поради оддалеченоста на живеење, Ленче не беше во можност да присуствува на званичното доделување на наградите, по тој повод и во присуство на повеќе членови и нејзини пријатели, претседателот на друштвото Душан Ристевски и ја предаде наградата.

Ленче Целакоска Клекачкоска е родена на 2октомври 1964 година во село Мешеишта, Охридско. Во 1988 година се доселува во Сиднеј, Австралија. На 12 фебруари 1989 година склуши брак со Димче Клекачкоски од село Кривогаштани. Стихови пишува од најмлади години, а особено по зачленувањето во Литературното друштво „Григор Прличев“ во Сиднеј во 2000 година. Пишува носталгични и љубовни песни. Ленче со свои стихови е застапена во Зборникот со љубовна поезија „Коти на копнеж и страст“ кој друштвото го издаде на неговиот 25 годишен јубилеј во 2003 година. Да и посакаме успех на Ленче и во блиска иднина да не обрадува со повеке награди и со објавена своја збирка песни.

Иван Трпоски

lence-klekackoska-1
Доделување на Прличевата награда за поезија на Ленче Клекачкоска – Анклиф 28.11.2014 год

lence-klekackoska-2
Душан Ристевски и ја доделува Прличевата награда зa поезија на поетесата Ленче Клекачкоска – Анклиф 28.11.2014 год.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.