Историја

Демостен за Филип II: Тој не е Хелен, туку е барбарин, чума македонска

Philip II of Macedon CdM

Philip II of Macedon CdM

„Од многуте беседи, о мажи Атињани, кои се одржаа во Собранието, безмалку секоја е за она, со што Филип, откако склучи мир (Филократовиот мир во 346 г. п.н.е.), ви чини неправди не само вам, туку и на другите, и иако сите, знам кажаа… дека треба и да се зборува и да се дејствува, за да престане оној со дрскоста и да поднесе казна, гледам, дотаму се доведени работите и изгубени, што се плашам… положбата… мислам дека полоша не можеше да биде одошто е сега. За тоа, секако, има многу причини и во таа положба… најголеми виновници… ќе ги најдете оние, кои се определија повеќе за да угодат одошто да го кажуваат она што е најцелеобразно… ништо друго не работат, освен на тоа, државата сама себе да се казни и слично на тоа, а на Филипа да му биде овозможено да говори и да прави што сака. Е такви се вашите навики, што се однесува до јавниот живот, и тие се виновни за несреќите…

…Работите стојат лошо зашто вие… ништо од тоа што треба да се прави, не го правите… Сега значи Филип ја победи вашата раскомотеност и безгрижност, а државата не ја победи. Не сте ниту поразени, но не се ни покренавте.

Ако, значи, сите се сложуваме дека Филип со државата војува и го крши мирот, оној што ќе излезе овде не треба ништо друго да зборува, освен тоа, како полесно и посигурно од него да се браниме…

Вели дека не војува, а јас сум толку далеку од тоа да се сложам дека некој што така постапува живее во мир  со некого, што тврдам дека тој, напаѓајќи ја Мегара и подготвувајќи тиранида на Евбоја и со сегашното влегување во Тракија и сплеткарејќи на Пелопонез и со сеж што прави со војската, прави да го погази мирот и да војува со вас…

…Тоа што, да прави што сака и еден по еден Хелените така да ги ограбува  и напаѓа, навалувајќи на градовите, да ги потчинува… И сите неправди, нанесени од Лакедајмонците во текот на оние 30 години и од нашите предци за 70 години, се помалку, о мажи Атињани, од она што Филип во тек на нецели 13 години, колку што е тој на врвот, им го сторил на Хелени-те…ни Хелада ни земјата барбарска не ја задоволува желбата на тој човек за што повеќе. И тоа го гледаме и слушаме сите Хелени и не си испраќаме пратеници за тоа едни кај други и не не фаќа лутина…ниту да направиме некој сојуз за помош и пријателство, туку го гледаме човекот како станува се посилен и секој… ниту настојува да  се спасат интересите на Хеле-ните… А и ова знајте го: Што и да трпеле Хелените од Лакедајмоинците или од нас, трпеле од такви што биле род роден од Хелада, а тоа му доаѓа, некако, исто…, како, ако, некој син прав, а роден во богат дом, нешто не го води домаќинството како што треба, па за тоа заслужува укор и приговор, но не може да се рече дека тоа го правел како некој што не е близок и наследник на сето тоа. Но, ако роб или подметнат син го уништи тоа што не му припаѓа, и го растури, о Херакле, колку пострашно и заслужно за гнев би рекле сите дека е. Но спрема Филипа и спрема она што го прави тој, не се такви, макар што тој не само што не е Хелен, ниту нешто близок на Хелените, туку ниту барбарин од земја, за која нешто убаво би можел да кажеш, туку е чума македонска, од каде порано човек ни роб не би купил”.

Демостен, Говори, превод и редакција Даница Чадиковска, Култура, Скопје 1995, Трет говор против Филипа, стр 78.

Најново од: Историја

Во Крањ, против Словенија, македонската репрезентација го одигра својот прв меѓудржавен натпревар по осамостојувањето

Андон Дончевски беше селектор, Дарко Панчев капитен, а Зоран Бошковски – Чоко го постигна првиот историски гол. На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

Гоце Делчев: 10 највлијателни мисли за Македонија

Гоце Делчев е едно од најголемите имиња во македонската историја и револуционерна мисла. Неговите зборови и денес се цитираат затоа што не се само историски сведоштва, туку и силни пораки за слободата, народната свест, достоинството и иднината на Македонија. Неговите зборови зборуваат за предавството, истрајноста, жртвата, самостојната борба и правото на Македонците сами да одлучуваат […]

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

To top